ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД ПОДДРЖУВА ВАХАБИСТИ: Рубин Земон со сериозни обивнувања за охридскиот градоначалник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професор д-р Рубин Земон, предводник на движењето за национално осознавање и посебност на Египјаните на Балканот, директор на Институтот Евро Балкан, како и лидер на партијата ПОЕН, остро реагира на присуството на градоначалникот на Охрид, професор д-р Јован Стојаноски на годишниот собир на Египјаните „Звукот на Египет“.

Собирот се одржа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, каде беше отворена изложба на фотографии низ кои е прикажан животот на Египјаните во Охрид и охридско во минатите 100 години, додека историски час одржа доцент д-р Никола Митровиќ.

Здружението на Египјани „Пирамида“ му додели благодарница на градоначалникот Стојаноски кој беше генерален покровител на манифестацијата, а благодарници добија и директорите на јавните претпријатија „Охридски Комуналец“ и „Градски Гробишта“, Љупчо Грданоски и Ванчо Костоски за континуирано помагање на културните настани на Египјаните од Охрид.

На Египјаните не им требаат квази-културни и политичко-популистички настани, реагираше д-р Земон, поставувајќи го прашањето: дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот” ќе додели јавно признание на вахабист.

Вчерашниот настан во Охрид, д-р Зенон го оценува како анти – културен настан, кој е срам и за Охрид, и за Македонија, а уште повеќе за една од најдревните и најархаичните заедници на Балканот, Египјаните. Уште повеќе, како “тотална лакрдија, кич и антикултура, која и оваа година добива некаква поддршка од општина Охрид, а на настанот присуствувале и претходно и сега градоначалниците, се разбира со политички намери”.

– Целта на тој настан не беше да промовираат вредности и да се афирмира културата на заедницата, туку целта беше да покаже дека една група на млади лични профитери, кои по методологијата на делување сакаат да личат на т.н. земунски клан во Србија, божем контролира приличен дел од електорат на Египјаните во Охрид и така да се наметнат како важен политички фактор во Охрид. За оваа група можеше да се чуе и во дел од „бомбите“ од прислушуваните разговори, како со недемократски средства вршеа притисок врз гласачкото тело на Египјаните во Охрид да гласаат за режимот. И за време на владеењето на груевизмот, а и сега го организираат квази- културниот настан наречен „Sound of Egypt” (Звукот на Египет), за да ги повикаат граѓаните бесплатно да следат некаков си музички перформанс, кој во ниту еден елемент нема ништо заедничко со културата на Египет – обвинува д-р Зенон..

Знаејќи дека сето тоа е со политичка позадина, не сакав воопшто мојата реакција во минатото да биде разбрана во политички контекст, пишува професор Земон и додава:

– Но, бидејќи сега локалната власт во Охрид е на мојот коалициски партнер, за кој јас и мојата партијата сме застанале јавно да ги поддржиме и сегашниот градоначалник и мнозинството на советници во Советот на општина Охрид, оваа моја реакција нема простор да биде разбрана во политичка конотација, а е крајно добронамерна, конструктивна и задолжителна за мене како интелектуалец и долгогодишен активист и поранешен претседател на Здружението на Египќаните во Македонија (ЗЕМ) и на Сојузот на Балканските Египќани- додава др Зенон.

Професор Рубин обвинува дека зад сето ова стои, како што вели, „кланот“ без да открие поименично за кого станува збор.

-Секој има право на култура, па и овој „клан“ има право да ја покаже својата (анти)култура. Тоа што ме загрижува е што таму се доделувале признанија на одредени лица, кои на некој начин тоа и го заслужиле и немам ништо против. Но, се прашувам дали овој „клан“ добива финансиска поддршка од некакви структури во Саудиска Арабија, па лица што шират вахабизам да добијат некакво си признание и јавно да му доделат некаква си награда. Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот“ ќе додели јавно признание на вахабист. Познавајќи го лично сигурен сум дека не знаел, но се надевам дека во иднина ќе внимава на какви структури им дава поддршка. Египќаните во Охрид и Македонија, а и воопшто на Балканот, иако се муслимани се антивахабисти, но и најмалку очекуваат на тие што им дале поддршка, да поддржуваат антиегипјански проекти, како наследство од груевизмот- заклучува професор Зенон,поставувајќи го прашањето: дали на „кланот“ му помага „халифот од Мека“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This