ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РАНКОВЦЕ СИ НАПРАВИЛ ШТАБ ОД ОПШТИНАТА: Вработените во општината и ЈКП извршуваат партиски цели на СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не стивнуваат реакциите на гневните жители на Ранковце кои се згрозени од неодговорното работење на градоначалникот Момчило Алексовски

krivapal1

Ви го пренесуваме писмото на група загрижени граѓани од општина Ранковце во целост

Денес сакаме да ја искажеме нашата загриженост за неодговорното работење на градоначалникот Момчило Алексовски.

Веќе подолго време тој е надвор од Општина Ранковце (може да се најде во локалните продавници и кафани во видно алхохолизирана состојба), а како резултат на тоа целосно ја запостави функцијата градоначалник.

Не се реализираат проекти, а во општината владее вистински хаос. Но, тоа не го спречува обилно да ги користи ресурсите на општината за партиско – политички цели.

Во оваа прилика нема да зборуваме за тендерите, партиските вработувања и слично, туку ќе осврнеме на користењето на вработените во општината и ЈКП. Тоа е недозволиво и дрско однесување од вработените кои наместо да си ги извршуваат работните задачи за кои се платени, извршуваат партиски цели.

Прашуваме, дали овие луѓе кои се вработени во општината и во ЈКП навистина работат таму или се на работа низ партиските штабови на СДСМ?

Дали вработените како Дарко Тодосовски, Мирче, Борко Давидовски кои земаат плата од општина Ранковце, работат во општината или во штабот на СДСМ?

Го повикуваме Момчило Алексовски да престане со неодговорното однесување и да ја извршува функцијата градоначалник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This