ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕ СОКРИ ВО ГЛУВЧЕШКА ДУПКА: Александар Наумовски лани протестираше, сега го нема со граѓаните кои протестираат поради небезбедната улица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во октомври минатата година, пред локалните избори, актуелниот градоначалник Александар Наумоски излезе на протест барајќи од тогашните власти да се погрижат безбедноста на децата.

Сепак, откако е градоначалник, Наумоски нема направено ништо во однос на ова прашање, што само покажува дека тогашниот негов протест беше само маркентиншки трик во пресрет на изборите.

Во сообраќајка што се случила вечерва во 19:13 часот на улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров е повредено дете на возраст од околу десет години.

Случајот е пријавен во Единицата за информации и команда на Град Скопје.

Според првичните информации, во детето удрило возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. Детето е веднаш пренесено во Ургентниот центар, но се уште не се знае видот на повредите.

Полицијата е на тeрен и во тек е увидот.

Од МВР потврдуваат дека околу 19 часот на ул „Борис Сарафов“ (екс.ул.„4ти Јули“-нас.Ѓ.Петров) поголем број на жители од оваа улица со контејнери го блокираа сообраќајот, поради случена сообраќајна незгода во која е повредено дете-пешак, како и за да изразат револт за брзото возење, т.е. непочитување на сообраќајните знаци.

Родителите на учениците од ООУ„ Мирче Ацев“ како и околните жители, подолг период апелираат за поставување на светлосна сигнализација, бидејќи претходно беа полесно повредени уште неколку деца во сообраќајни несреќи на истата улица.

Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This