April 20, 2024, 11:43 am

ГРАДОНАЧАЛНИК KPAДEЛ ВОДА: Со нелeгaлeн приклучок на водоводна мрежа, градоначалникот на Ранковце си ја полева нивата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога може премиер да заговара рекетирање на бизнисмени, тогаш зошто градоначалник од истата партија како и премиерот да не краде вода од јавното претпријатие за да си ја наводнува нивата. Секако, нема причина зошто да не ја злоупотреби својата функција кога органите на прогонот абер немаат да застанат во заштита на законите и правдата

 

Таков е примерот со градоначалникот на општина Ранковце Ивица Тошевски, кој според опозицијата во општината на диво се приклучил на системот за наводнување на ЈП „Чист Ден“.

Актуелното градоначалниче Ивица Тошевски повторно е фатен во кражба. Додека околни села во Ранковце се соочуваат со недостиг на пивка вода поради немаштија или поради тоа што се со спротивно мислење од она на горенаведениот, тој дрско и на најгруб начин краде вода со што го оштетува буџетот на „ЈКП Чист Ден“, и нанесува директна штета врз угледот на општината.

Градоначалничето, искористувајќи ја својата положба и овластување, неовластено се прикачил на водоводна мрежа со која стопанисува ЈКП, без претходно да поднесе барање, уплати и добие согласност, а притоа да створи услови за прикачување без никакво знаење на претпријатието, самоволно и неовластено се приклучил на крак од водоводната мрежа.

Ако неговата плата, која од прилика изнесува околу илјада евра е недоволна за да ги покрие трошоците за легален приклучок на пивка вода, што тогаш да кажеме за оние кои се на работ на егзистенцијата, а се трудат да бидат редовни и навремено да ги плаќаат своите давачки кон „ЈКП Чист Ден“? За потсетување, нивата која користи вода од дивиот приклучок се наоѓа на местото викано „Локма“, непосредно до магистралниот пат.

Ја користам оваа прилика да ја повикам директорката на „ЈКП Чист Ден“ Александра Стамболиска, да ги превземе сите дејствија и да и соопшти на јавноста за овој скандал! – пишува Даниел Павловски на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This