Градоначалник „ограбен“ додека давал изјава во живо на телевизија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на градот Вентимиља, северозападна Италија, близу границата со Франција, беше „ограбен“ во директен пренос на телевизија.

На видеото, коешто веднаш стана хит на интернет, новинарка го прашува Гаетано Скулино – кој е одговорен за редот и безбедноста во градот, но во мигот, тој, градоначалникот не ја слуша и гледа во спротивна насока. Сè тоа се случи во центарот на градот, пред неговите и очите на телевизиските гледачи.

Крадецот го украл палтото на градоначалникот што тој го беше оставил на клупа на растојание од 2-3 метри од него. Инаку, се работи за свечен костим со којшто политичарот се беше упатил на прослава.

По шокот, градоначалникот некако, си ја врати присебноста, одговори на прашањето за безбедноста, па на шега ја замоли ТВ-екипата да му ја надомести загубата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This