ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ИЛИ KPAДОНАЧАЛНИЦИ, ПРАШАЊЕТО Е СЕГА?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Испириран од починатиот македонски актер и хуморист Ванчо Петрушевски и Шексипировата дилема, да се биде или не прашање е сега, ете ти го и насловот на оваа колумна која би сакал да допре длабоко во вашите ганглии, или вијуги, токму сега кога ,,Окупацијата во 26 слики од Лордан Зафрановиќ, познатиот филм кој имаше јасна цел, а кој исто така ја пресликува менталната матрица на еден „окупиран народ“ во војната од секакви „злосторници“ кои доаѓаа дрпнуваа и ја здувнуваа, поставувајќи ги своите таблоа пред некоја си фотографска работилница за да послужат за пример и потсетник кој владеел со нив. Сега, сето тоа во Македонија е реалност и вистина!

И така, ред по ред, работите се редат, истите тие окупатори си доаѓаат, си дрпнуваат, си ги товарат мазгите и бисагите и заминуваат или здувнуваат, а зад нив оставаат пустош и грев, купиште маки, солзи, клетви и што уште не, што се вели сјајот и бедата на сиромаштијата. Но, има и такви кои за вистината за Македонија принудени да бидат во прогон, а такви Македонци ги има низ целиот свет ден денеска. Ние наместо да си ги нарекуваме ним патриоти и Македонци, ги третирам како дијаспора.

Но, дали се прашувате, колку нашите Македонци кои поради политички причини или „вистината за Македонија“ се заминати или се прогонети и помагаат ден денеска на Македонија?!

Српската, Хрватската дијаспора како и еврејската нација или дијаспора да ја наречеме, колку помогнаа на својата матична држава Србија, Хрватска, Израел и други слични на нив? Да, многу и затоа денеска се држави за почит!

Ние, нашите Македонци низ светот знаеме ден денеска да ги омаловажуваме или негираме. Зошто да немаме и градоначалник еден од нив, имајќи го фактот дека и тие се даночни обврзници на Македонија по секој основ, имајќи недвижнини и капитални инвестиции во Македонија, а за кои плаќаат данок на државата или општините!

Впрочем и со т.н. ПОПИС се ставени во графата да се регистират за Македонци и по родослов и државјанство! Нели?

Во едно верувам, дека работите како и да е, кај и да е, ќе се средат и ќе биде како што треба. Вели познатата, какви ти се мислите, таков ти е животот. Јас и по многуте премрежја, сопки, или интриги и натаму сум останал со позитивна мисла.

Но, ајде да се вратам на оваа нова, да не речам циркусијада, која ни се ближи, а се вика локални избори 2021?!

Слушаме секакви ветувања, клевети, фалења, и што не, од соништа, до научна фантастика и тоа сите овие 30 години! Не велам дека сите се такви или ќе бидат но, сепак со доза на претпазливост, од веќе виденото, дај Господе да има исклучоци!

Секој денес поскаува да биде некој и нешто, а никој и ништо, оти ова било, сега му е мајката, преку ноќ да се стане милионер, и тоа на најбрз начин и мува да не те лази. Особено ако имаш „лепливи“ прсти и тоа 4 години да си бидеш Ем Кмет, Ем Кнез,ем Паша и мува да не ти лази.

Кмет,Паша, или градоначалник кој не ќе има никаква мака за ништо. Уште во старт ќе можеш да си тргуваш со се и сешто, од игла до локомотива, па дури и по некој шлепер Mallboro,или марихуана… Еми тоа ти е тоа, ти е можно само во земјата на сонцето Македонија.

Жалам што прекрасна Македонија ја злоупотребувам за „валкани“ и недостојни работи и зборови. Но, ќе речем, тука во земјата на криминалот, шверцот и митото, се’ е можно.

Замислите да си седиш и оп во едно џебче некој да ти збрцне 1.000 евра, или 2.000 или и повеќе само за едно што ќе сториш да помине некое јајце, во некое маркетче, или некое „шлеперче“, со се и сешто, а богами за тоа ќе „омрсиш брк и тоа дебело и по некое милионче евра. И тоа се викале локални или парламентарни или претседателски избори во златната ни Македонија. Никому ниту влакно од главата не му фали во овие 30 години, оти бандитизмот и митото во Македонија било или е Закон, оценуваат и нагласуваат аналитичарите и познавачите на приликите!

Ќе повторам, секоја чест, има и такви кои се чесни и искрени во своите намери и своите планови! Да, и тие се некакви соништа, не би требало да бидат до таква мера забегано, но би ја користеле таа познатата: „Секирата ми падна в мед и како да не лизнам малку и тоа само не дај Боже од острицата, туку од дршката.“

Да, ја имав таа можност да ја слушнам и таквата изјава на еден поранешен претставник во третата ни власт, а таа е судската, да и од другите има.

Дури гледаме и се прашуваме Кмет – Паша на градот или татко на градот, ви се молам, со своите 10 прсти или со својата чесна пот успеал за еден мандат од 4 години да се натовари со два стана за двете деца, со две викендички на некое наше езерце, супер хациенда во градот на кметовите и уште нешто, по едно супер луксузно кафулкенце,и тоа не каде било, туку во најголемиот Мол-( Mall) со капицитет од 30 до 400 гости, за да им се најде на децата?!

Е , моја Македонијо, еј мои Македонци, до кога, прашуваме?

Вели познатиот Гете, каков народ таква власт?! Зарем заслуживме сами да се девалвираме по нашиот ментален чип или интелигенција познавајќи го сопствениот код, дека не е за фрлање и дека Македонецот е вреден и способен насекаде во светот и каков таков си има обезбедено високи места или позиции во најпрестижни корпорации и свтетски брендови. Зошто тогаш не си го почитуваме сето тоа?

Знам, како новинар своевремено, водев една емисија на мојата матична телевизија или МРТВ, темата беше „Секоја држава си има мафија, во Македонија мафијата има своја држава!“

Ова беше и наслов на едно книжурче кое беше многу интересно и силно и така ние новинари собрани дискутиравме и критикувавме, и што од сето тоа остана само на познатата “кучињата си лаат, а карванот си врви“!

Да, карваните и на овие избори си тргнаа и си одат до бескрај, ветувајќи им повторно се’ и сешто, а народот свесно знае дека сето тоа е „Змба политика“ или дипломатија, кој ме разбрал разбрал, да потсетам и споредам македонскиот гласач или избирач и натаму ќе биде изигран до бесвест и бескрај.

Кметовите или градоначалниците нама ништо да изградат, освен во едно сме сигурни, секоја чест на поединици но, во глобала повеќето од нив ќе бидат „крадоначалници“, а не градоначалници во вистинска смисла на зборот, оценува народот.

Никаде во светот, дури ни во Африка нема поголем криминал или криминални активности отколку инвестициони активности како во Македонија, или земјата на Сонцето за време на мандатот на политичарите, дали тоа беа градоначалници, пратеници, или министри и премиери, судии, какви да се, оценува народот и порачува: Народе, бидете сериозен, немојте да дозволите и натаму да бидете во куќата Европска Унија просторот одвоен за „санитарни потреби“ или „чвор“, ништо и никој со вакви политиканти и несериозни, во секоја смисла на зборот, каде најголемиот криминалец вели држте го крадецот, или најголемиот престапник на словото на законот и злосторник вели гинеме за правна држава како и за иницијативата потекло на името и конфискација, а самите се тие кои на сметка на потта и маката на народот преку ноќ од голтари станаа „лордови“. Народот сигурен и натаму порачува, промени мора да има и ќе се случат!

Затоа, не ви останува ништо друго, туку овојпат најсериозно ве опоменуваме и замолуваме за посериозен пристап кон копчето со кое ќе се регистрирате на денот на гласањето, а тоа е дека вашиот избор и глас е иднината и судбината на вашите внуци, порачува народот!

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This