Градоначалничката на Општина Старо Нагоричане треба да плати глоба до 34 илјади евра поради непочитување на законите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во една функционална демократска земја во која владее правото градоначалничката на Општина Старо Нагоричане ќе требаше да плати глоба до 34 илјади евра поради непочитување на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавен сектор. За жал, Македонија, управувана од СДСМ, е земја во која владее селективна правда, а сите нејзини функционери уживаат партиски имунитет со кој се недостижни за законите и невидливи за институциите на државата, изјави техничката министерка Невенка Стаменковска Стојковски

Согласно Законот за административни службеници, секоја институција од јавниот сектор е должна да изготви и до Министерството за информатичко општество и администрација да достави: Годишен план за вработување, Извештај за реализација на годишниот план за вработување, Годишен план за обуки на административните службеници, Извештај за реализација на годишниот план за обуки, Извештај со ранг-листа на годишни оценки за сите административни службеници, Извештај за изречени мерки. Најголем дел од овие наведени обврски градоначалничката на општина Старо Нагоричане ги нема испочитувано.

Законот за административни службеници е донесен со цел создавање на департизирана, стручна и компетентна јавна администрација, а неговото непочитување значи дека се случува се што е спротивно на тоа. За неисполнување на сите овие обврски, за раководното лице на институцијата, се предвидени прекршочни казни со вкупна вредност дури до 34 илјади евра.

Но, во Република Македонија, управувана од страна на СДСМ, нема кој ова да го констатира и санкционира. На директорката на Државниот управен инспекторат Фаница Николоска, институција надлежна за вршење надзор над примена на Законот за административни службеници, поважно и е да ги заштити нејзините сопартијци, отколку да си ја врши законската обврска. За непостапувањето и несанкционирање на функционерите од СДСМ, како награда од Зоран Заев, директорката на Државниот управен инспекторат си доби место на листата за пратеници. Фаница Николоска повеќе истрча за СДСМ овие неколку денови во изборната кампања, отколку што законски сработи за три години колку што е директорка на Државниот управен инспекторат.

Правдата е бавна, но од неа нема бегање! Партизацијата и административниот хаос завршуваат на 15-ти јули, а со тоа и сите притисоци и секоја деградација на вработените во јавниот сектор. Доаѓа обнова на институциите која ќе донесе промени, законитост, принципи, почит и повеќе за секого!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This