ГРАДОТ ПЕЧАЛИ НА ВОЗАЧИТЕ: Пајакот направил „покољ“ за еден ден – 93 возила одземени за помалку од 24 часа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пет лица биле полесно повредени во четири од вкупно осум сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во четири била причинета материјална штета.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 93 возила.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет лица биле исклучени од сообраќај поради управување на возило под дејство на алкохол и 24 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Санкционирани биле и четири пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати биле 76 непрописно паркирани возила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This