ГРАД СКОПЈЕ ГИ ЗГОЛЕМУВА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ: Пет отсто повисоки плати, двојно повеќе пари за привремени вработувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За пет отсто повисока плата ќе добива администрацијата во Град Скопје од септември. Со одлуката на градоначалникот Петре Шилегов која треба да ја усвои Советот на Град Скопје на седницата која ќе се одржи в среда, се предвидува зголемување на вредноста на бодот за пресметување на плати на државните службеници од 77,24 денари на 81.10 денари. Тоа значи дека платата ќе се зголеми за 5 тсто.

Шилегов неколкупати откако е дојден на градоначалничката функција изјавуваше дека не е задоволен од работата на административците. На прес-конференција на 14 септември лани кажа дека ќе воведе внатрешна контрола оти голем број предмети со месеци стојат во фиоки несработени. На седницата на Советот на 30 октомври од говорницата изјави дека инспекторите ќе се опремат со ГПС уреди оти не се знаело каде се во текот на работното време, дали седат по кафулиња низ Дебар Маало или си бркале приватни работи.

Во образложението на градоначалникот Шилегов се вели дека одлуката се носи со цел таа да се усогласи со онаа на Владата за зголемување на платите за 5 отсто на административците.

„Владата на Република Македонија ја донесе одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2019 година на 8 јануари. Со цел усогласување со одредбите од одлуката донесена од Владата на Република Македонија, изготвена е предложената одлука“, стои во образложението на градоначалникот Шилегов до советниците.

Министерот за финансии Драган Тевдовски лани во ноември при презентирање на Буџетот за 2019 година рече дека планирано е покачување од 5 отсто на платите на државните службеници од септември 2019, со цел градење поефикасна и помотивирана јавна администрација.

Зголемувањето на платите предвидено е и во буџетот на Град Скопје за оваа година, каде за 12 милиони денари се зголемени парите за плати на вработените. Лани за плати беа предвидени 149.000.000 денари, а годинава 161.500.000 денари. Со зголемување на платите за 4 милиони денари плус се зголемуваат и средствата за придонеси за што од буџетот оваа година се одвоени 60 милиони денари.

Зголемување нема да има на платата на градоначалникот Шилегов. За плата на градоначалникот во буџетот исто како и лани, се предвидени 1.250.000 денари, а за придонеси 545.000 денари.

Годинава Град Скопје ќе го зголеми и бројот на привремени вработувања. Во оваа ставка за 2019 година се предвидуваат двојно повеќе пари за разлика од лани. Во 2018 беа предвидени 14.500.000 денари, а годинава 34.500.000 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This