Град Скопје изрази жалење за изгубениот живот во вчерашната сообраќајна несреќа во Дебар Маало

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Скопје изрази жалење за изгубениот живот во сообраќајната несреќа која што се случи вчера пред министерството за култура во Дебар Маало.

-Сакаме да потенцираме дека Градот Скопје стои на располагање за соработка до министерството за внатрешни работи и сите други институции кои се надлежни за утврдување на фактите на овој немил настан.

Сепак, сметаме дека во јавноста се проширија голем број на шпекулации и во врска со одговорноста за овој случај, како и непотребно дефукусирање со чудни прашања за ингеренции, па оттаму сметаме дека сме должи да ја одинформираме јавноста за надлежностите.

  • Во овој случај, како и во сите случаи на сообраќајни несреќи, одговорноста ја сносат  сите учесници во сообраќајот
  • Учесниците во сообраќајот (возила, велосиперисти, пешаци) се должни  да се придржуваат до правилата и законските прописи за одвивање на сообраќајот
  • За расчистување на фактите на сообраќајните незгоди и прекршоци, како и контрола на сообраќајот надлежни се министерството за внатрешни работи.

Градот Скопје како институција е надлежна за издавање на одобренија за дотур на роба, во која се наведени периодите во кои може да се врши оваа дејност, но како институција не сме надлежни на однесувањето на секој поединец во сообраќајот и тие самите се одговорни за нивните постапки, стои во соопштението од Град Скопје.

Инаку, согласно оваа одлука, во овој реон дозволата за дотур на роба се врши во временскиот период од 09:00-14:00 и 18:00-07:00 часот, со право на задржување од 15 минути.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This