ГРАД СКОПЈЕ СО НОВА НАЈВА ЗА ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ: Од понеделник до петок ќе се прска секој ден!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Скопје известува дека утре почнува третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива од 10.08.2018 (петок) и ќе трае 4 дена, односно до 13.08.2018 (понеделник), во раните утрински часови.Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 13.08.2018 до 17.08.2018 (од понеделник до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден, соопштуваат од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This