April 24, 2024, 12:51 pm

ГРАД СКОПЈЕ СО „CEPИЗНО ПPEДУПРЕДУВАЊЕ“: Уништyвaњeто на контејнерите е kaзниво по закон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден, на еден од новите контејнери е залепен лист со содржина во која се повикуваат граѓаните да ги оштетуваат контејнерите, односно рачките за да се овозможи непречен пристап на мачките до отпадоците.

-Уништувањето на контејнерите е казниво по закон. Град Скопје потсетува дека новиот концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини што почна да се спроведува во градот е во интерес на сите негови жители и целта е да се подобри животната средина. Новите контејнери коишто се опремени со капаци се набавени токму за да ја спречат можноста отпадоците да им бидат достапни на мачките и на кучињата, коишто ги расфрлаа околу нив. Исто така, капакот треба да го спречи и ширењето на непријатната миризба од отпадот и да се избегне грдата слика со преполни контејнери, велат од Град Скопје и потенцираат: „Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат и правилно да ги користат овие контејнери коишто се со највисок технолошки стандард, бидејќи тоа е во интерес на сите жители на нашето Скопје“.

ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ КОНТЕЈНЕРИТЕ ЗА ДА НИ БИДЕ ЧИСТ ГРАДОТВо текот на вчерашниот ден, на еден од новите контејнери е…

Posted by Град Скопје on Thursday, October 24, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This