ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ УБИВА КУЧИЊА: Шилегов ќе набавува пушки за ловење на кучиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани љубители на животните и активни и пасивни критикувачи на градскиот стационар во главниот град на Р. Македонија – Вардариште, имаме доволно важна информација за сите, велат од Здружението за заштита на животни „Кане Корзо“.

Во продолжение следува интегрален текст.

Имено, на 09.03.2018 во 09.00 ч. ќе се одржи јавна е – аукција на економски оператори кои ќе достават понуди за јавна набавка на услуга за медицинкси третман на бездомни животни во градскиот стационар Вардариште објавена од страна на ЈП Комунална хигиена.

Кратко разработка на условите кои треба да бидат исполнети од страна на економскиот оператор:

1. Не се бараат стандарди за системи на квалитет и не се бараат стандарди за управување со животна средина. Зошто?

2. Набавка на пнеуматски пушки и се бара дозвола од економските оператори кои ќе достават понуда да имаат дозвола за поседување оружје од Д категорија.
Дали ваквиот вид на заловување бил и претходно воведен во пракса?
Дали градските шинтери се обучени и евалуирани воопшто за користење на ваков вид пушки?
И која е гаранцијата дека овој вид на оружје нема дополнително да се злоупотреби со оглед на досегашното искуство на мистериозно исчезнување на кутрињата заловени од страна на Вардариште?
Која ветеринарна амбуланта веќе поседува ваков вид оружје?

3. Во документацијата се бара и потврда за осум доктори по ветеринарна медицина како дел од економскиот оператор кој ја доставува понудата. Ќе работат во две смени. Дали сте сретнале ветеринарна амбуланта која има вработено осум доктори по ветеринарна медицина за да може било која да го исполни овој услов од тендерот?

Во однос на овие спорни ставки од самиот тендер, би сакале навремено да посочиме можеби и најдобро решение, кое воедно би било и апел до ветеринарните амбуланти:

Според точка 1.8.3. економските оператори можат да се здружат и така да ја поднесат понудата без претходно да бидат здружени во соодветна правна форма. Така размислуваме дека компетитивноста и докажувањето на квалитетот на услугата од страна на вклучените економски оператори (ветеринарните амбуланти) би почнала да се движи полека, но сигурно кон подобар третман на заловените животни.

Доколку некој сака да ја добие документацијата за целосно да ја прочита нека ни пише, ќе ја испратиме по маил!

Секоја дополнителна забелешка слободно пишете ја во коментар. Споделете!

Само вака јавно можеме да ве потсетиме сите заедно будно да следиме и да видиме дали ЈП Комунална хигиена повторно ќе ја прифати понудата на приватната ветеринарна болница во Автокоманда како најповолна и после целиот хорор на кој се изложени животинките во изминативе години?

Со оглед на тоа што не се бараат стандарди на квалитет нема да не чуди воопшто…

Нека стигне до сите!

Град Скопје ЈП Kомунална Xигиена – Скопје NP Higjiena Komunale – Shkup
DA GI SPASIME KUCINJATA OD VARDARISTE
ДА ГИ СПАСИМЕ КУЧИЊАТА ОД ВАРДАРИШТЕ-STOP DOGS EXTERMINATION IN MACEDONIA
ПОСЕТА И ВДОМУВАЊЕ НА КУЧИЊА
ПОРИГОРОЗНИ ЗАКОНИ ПРОТИВ ЗЛОСТАВУВАЊЕ ЖИВОТНИ
ПЕТИЦИЈА ЗА ОСНОВАЊЕ НА “ANIMAL POLICE” ВО МАКЕДОНИЈА !
Ветеринарна комора на Република Македонија Ветеринари.мк.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This