April 26, 2024, 10:57 am

Границите ЕУ остануваат затворени за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот на ЕУ ја објави ажурираната листа на трети земји чии граѓани имаат право да патуваат во ЕУ од 1 август, во кој повторно не е вклучена ниту една земја од Западен Балкан, вклучително и Македонија.

Во врска со списокот од пред две недели, Алжир беше отстранет. На списокот на земји што не се членки на ЕУ, чии што граѓани имаат право да патуваат, се вклучени: Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина, што е условен принцип на реципроцитет.

Од Брисел велат дека критериумите за утврдување на кои земји ќе бидат на списокот се однесуваат првенствено на епидемиолошката состојба, мерките за заштита, вклучително и физичката оддалеченост, како и социјалните и економските параметри.

Списокот на земји треба да се ревидира на секои две недели во однос на најновите епидемиолошки податоци, а Советот на ЕУ наведува дека ќе биде свикан вонреден состанок за време на летната пауза во август, во случај на драматична промена на состојбата во некоја од државите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This