ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ДА СЕ ПРЕВЗЕМАТ СЕРИОЗНИ МЕРКИ: Aлapмантно во прилепско – 60-тина пoжapи за неколку дена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со 60-ина пoжapи за неколку дена, алармантна е ситуацијата со полските и со шумските пoжapи во Прилепско, порачуваат од прилепската Противпoжapна единица и од подружницата „Црн Бор“ на ЈП „Македонски шуми“. Надлежните упатуваат дека мора да се преземаат сериозни мерки против пaлeњeтo стрништа и подметнувањата пoжapи .

Виктор Стојчески, командир на Противпoжapната единица од Прилеп вели дека не може да се стигне на сите места иако со натчовечки напори се прави тоа.

–Во просек дневно последниве денови има преку 20 пoжapи . Се справивме со сите пoжapи , со натчовечки сили и напори и со оние ресурси кои што ги имаме. Потребна е набавка на возила, посебно за на терен, за справување со шумските пoжapи . Нашите ресурси се ограничени. Деновиве најмногу шумски пoжapи имаше во реонот на селото Зрзе и на селото Стровија, па потоа во селата Слепче, Кошино, Радобил, Царевиќ, вчера кај Дервен, односно во речиси целиот Пелагониски регион. Овој тип на пoжapи во овој период од годината е несфатлив, рече Стојчески.
Влатко Велески, раководител на прилепски „Црн Бор“, подружница на ЈП „Македонски шуми“ се согласува дека ситуацијата е алармантна и дека пoжapите во шумите воглавно се пренесуваат со пaлeњeтo стрништа.

–Точно е дека е алармантна ситуацијата со пoжapите во овој период. Алармантно е и зашто, веројатно, свеста кај луѓето е уште на ниско ниво, посебно на земјоделците и сточарите кои мислат дека ќе имаат подобри услови за орање или за исхрана на стоката ако ги запалат стрништата. Само еден поглед да се „фрли“ на целото прилепско поле ќе се види дека на сите страни чади и има пaлeњe  наоган. Со ветерот што дува овие денови сиот пoжap од рамнините се пренесува во шумските делови. Проблемот е голем и сериозен, а и нашата екипираност не е силна. Работиме со мал број луѓе кои не може да одговорат секаде, изјави Велески.

Тој апелира да се преземат сериозни мерки за сторителите.

-Мора нешто да се преземе, посебно во контролата на овие пaлeњa на стрништата и на ливадите. Институциите треба да ги откриваат сторителите и да се преземаат санкции, зашто се прави ненадоместлива штета. Казнувањето е неблагодарно, но мора да се добие поука да не се уништува шумското богатство, нагласи Велески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This