Граѓаните бecни: Почна да се гради нов објект кај „Браќа Миладиновци“ во Аеродром

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако во април граѓани реагираа дека се иceкоа дрвјата, сега забележаа како покрај улицата „23 Октомври“ во општина Аеродром работници поставија тараби, а теренот се спрема за нова градба. Ова се случува во населбата Острово до основното училиште „Браќа Миладиновци“, кај стара „Славија“. Напомош за градежните активности пристигнаа камион и багер, а поставена е и градежна таблa, јавува Радиомоф.

Ако се погледне Катастарот, делот од 3.3 со стара „Славија“ се води како парцела број 242/2. Имотниот лист е на Друштво за производстсво, трговија и услуги САФ Комерц Увоз-Извоз Скопје. Тоа го потврдува и градежната табла, каде „САФ Комерц“ е впишан како инвеститор, „Мујо Бајрами“ е изведувач, а проектант – „ГМС-Проект“. Одобрението за градба од Општина Аеродром е издадено минатиот месец.

Инаку, во овој дел долги години имаше чешмичка, патче, зеленило и дрвја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This