Граѓаните го спуштија Филипче на земја: Mнoзинcтвoтo нeзaдoвoлни oд cпpaвyвaњeтo co пaндeмиjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катастрофалното справување на власта со корона кризата доби потврда и од граѓаните кои се изјаснија дека се незадоволни од тоа што досега го направи владата на овој план. Граѓаните не само што негативно го оценуваат справувањето на власта со пандемијата, туку и го потврдија она што власта не сакаше да го признае а тоа е дека мерките доцнеа заради желбата на власта да спроведе попис во април.

Имено, на анкета спроведена од Институтот ИПИС. помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1.112 испитаници, мнозинството односно 59,7 негативно ја оцениле работата на владата во справување со корона вирусот, од кои високи 39,7 воопшто не се задоволни од власта. Наспроти нив позитивно се изјасниле само 37%.

54,8% од граѓаните сметаат дека власта намерно одолговлекувала со носењето на мерките поради калкулациите со пописот, додека 49,9% сметаат дека вакцини нема заради негрижата и неспособноста на владата.

Ваквото незадоволство од граѓаните и не е неочекувано, туку ја одразува реалната состојба во Македонија за која сите се свесни освен власта која не ги признава сопствените грешки.

Тоа што само првиот месец минатата година им успеа пиар стратегијата, значеше дека тие продолжија да се фокусираат само на тоа како ќе се претстават во медиуми, а не како ќе работат. Резултатот на тоа значеше дека Македонија во вториот и третиот бран се најде во земјите со највисока смртност во светот. Потврдата за пристигна и од реномирани светски медиуми како Фајненшл тајмс, кој само пред две недели не смести во 3 најлоши по смртност во светот.

Но, иако бројките на починати и заразени постојано се високи во земјава, сепак владата воопшто не промени ништо во стратегијата, не донесе посериозни мерки и си играше со полициски час, во ситуација кога се останато остави да работи, да не зборуваме дека контролата на граница се уште е непозната работа за нив.

Кога пациенти умираа заради потфрлање на владината стратегија, за министерот за здравство Венко Филипче се беше под контрола. Кога сите донесоа вакцини, за Филипче тие беа исти како нас, бидејќи и ние сме набавиле, дури 2 милиони. Арно ама додека тие вакцинираат, ние не се вакцинираме, имаме некоја смешна сума од 60.000 од кои повеќето се донација. Ама и тоа е во најдобар ред за министерот.

Граѓани одеа во Србија масовно, но ни тоа не беше причина за загриженост за власта. Тој постојано манипулираше дека има вакцини на Фајзер, кинески, руски, дека вакцинацијата ќе почне во февруари, март, април. Еве изминува април, масовна вакцинација нема. Но, неодговорно тој останува на тврдењето дека се е во најдобар ред.

А до кои граници оди нивната неодговорност видовме кога двајца пратеници на власта позитивни се појавија во Собрание, наспроти законите и протоколите според кои тоа е загрозување на јавно здравје. И додека власта мисли дека направила нешто херојско, всушност прави нешто ужасно.

И тоа граѓаните го гледаат, го гледаат и странските медиуми, сите го гледаат освен власта. Затоа и граѓаните негативно ја оценуваат владата, бидејќи да беше се под контрола и да имавме вакцини, немаше повеќе од половина да се незадоволни, напротив ќе дадеа позитивна оценка, наместо негативна за справувањето на владата со пандемијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This