Граѓаните да „молчат“ за партиските финансиски злoyпотpeби – договорија пратениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните нема да може да пријавуваат злоупотpeби со партиско финансирање- пратениците од власта и опозицијата се договорија таква улога на граѓаните да не им биде овозможена со амнадман на законот за спречување на kopупција. Партиски финансиски злоупотpeби во новата антиkopупциска комисија ќе може да пријават само државни институции, политички партии и специјализирани невладини организации.

Објаснето преку конкретен пример тоа значи дека доколку се повтори ситуацијата како во случајот Талир и некој партиски војник се појави во банка со купче уплатници за донации на својата партија, тогаш ваквото прекршување на правилата за партиско финансирање нема да може да ги пријави ниту банката ниту шалтерскиот службеник. Амандманот е прифатен на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ го прифатила.

Уште една крупна промена е направена за проверката на банкарските сметки на функционерите што е нова надлежност на антикорупциска комисија. Со првичниот предлог, антиkopупциска имаше можност во тајност да ги проверува сметките на функционерите, но сега е направена измена и антиkopупциска комисија нема да може да проверува самостојно туку само во случај доколку отвори постапка против функционерот. Покрај тоа ќе мора да го известат функционерот веднаш дека му ги прегледуваат сметките и му бараат законски прекршоци. Функционерот ќе знае дека му ги гледаат сметките, а тајната операција ќе му биде позната.

Една од измените оди во прилог на новинарите, пратениците со амандман на членот 68 забрануваат судот да бара новинарот да го открие изворот на информацијата за kopумпираноста на политичарите. Досега во предлог законот постоеше таква можност, преку судот да се бара името на оној што открил kopупција, но сега доколку пратениците останат на договореното таа можност ќе отпадне. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваа меѓусебно дека или опозицијата го кочи законот или власта сака да го користи за реваншизам. На крај се договорија и усвоија дваесет амандмани.

Извор: Телма

авторски текст на Миомир Серафимовиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This