March 19, 2024, 11:53 am

ГРАЃАНИТЕ ЗНААТ: СДСМ е главниот виновник за овие поразителни бројки во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа зборуваше за тоа како СДСМ се справува со пандемијата каде потенцираше дека тезата на СДСМ дека Наќе Чулев потрфлил во работата не им помина кај граѓаните затоа што граѓаните добро знаат дека СДСМ е главниот виновник за овие поразителни бројки кои Република Македонија ги има во моментот.

-Дека Наќе Чулев пофрлил во работата тоа е добро познат наратив на СДСМ и знаеме дека кога СДСМ е на власт тогаш виновници се опозицијата , а кога СДСМ е опозиција тогаш виновници се власта што значи дека на кајот од денот СДСМ својата неспособност и некадарност, некомпетентност како и во се останато така и во оваа борба со пандемијата сака да го префрли на грбот на ВМРО-ДПМНЕ и на единствениот министер кој ВМРО-ДПМНЕ го има во оваа техничка влада. СДСМ во однос на пандемијата целосно потрфли уште од самиот почеток. Знаете и самите кои беа нашите апели уште пред кризата да заземе таква димензија каква што имаме денеска, пред да има толку голем број на заболени, пред да има толку жртви како што имаме сега и за жал сме први во регионо по основ на новозаболени, но и по бројот на починати, целиот регион имаше 45 или 46 новозаболени, а ние имавме 89 новозаболени, истакна Ѓорѓиевски во своето гостување.

Ѓорѓиевски посочи дека сега кога СДСМ реши политиката да ја стави на прво место пред здравјето на граѓаните тогаш Наќе Чулев не фунционира, МВР не фукнционира како што треба и таа теза не им помина во јавноста затоа што граѓаните многу добро знаат кој е неспособен и кој е главниот виновник за овие поразителни бројки кои ни се случуваат во моментот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This