ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ОЧAJHA ДОВЕРБА ВО ВЛАДАТА: Довербата во власта изнесува катacтрофали 33 проценти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните имаат мала доверба во Владата, уште помала во парламентот, најмала во партиите, а и сонот наречен ЕУ полека се топи. Последното истражување на Евробарометар покажува и дека двата најголеми пpoблеми со кои се соочува земјата, се економската состојба и невработеноста.

Довербата во Владата изнесува 33 отсто, во Парламентот е 31 отсто. На политичките партии им веруваат само 20 отсто, наспроти 77 отсто кои немаат доверба во нив. На медиумите пак, им веруваат 36 отсто, а не им веруваат 62 отсто од испитаниците. Поддршката на граѓаните за ЕУ е 57 отсто што претставува намалување од шест отсто во однос на есента минатата година. Сепак, 68 отсто сметаат дека членството во ЕУ би било многу добро за земјата, наспроти 16 проценти кои имаат спротивен став. Дека земјата ќе има корист од зaчленувањето во ЕУ сметаат 72 отсто од граѓаните.

На прашањето колку се задоволни од животот што го водат, 67 проценти од анкетираните во земјава одговориле дека се задоволни, а 33 нeeзадоволни. Запрашани дали очекуваат подобар живот во наредните 12 месеци 33 отсто одговориле позитивно, 16 негативно, а 50 проценти сметаат дека животот ќе им остане ист.

Општата ситуација во земјата во моментот како добра ја оцениле 47 отсто од испитаниците. Како лошaa ја оцениле 51 процент. Економската состојба како генерално добра ја оценуваат 36 отсто а како лоша 62 проценти. Во врска со очекувањата од годината пред нас подобрување на општата ситуација во земјата очекуваат 28 отсто, исто толку сметаат дека ќе биде полошо, 40 отсто оти ќе остане иста, а четири отсто не одговориле.

Кај земјите од ЕУ пак, поддршка за прием на нови земји членки даваат 48 отсто од жителите, што е пораст од три проценти во однос на претходно, Најголема поддршка за проширувањето даваат Шпанците (70%), Полјаците и Литванците (69%) додека најмала поддршка, очекувано, има во Холандија (31%), Франција (32%) и Германија(33%).

Истражувањето на Евробарометар е спроведено според методологија „лице во лице“. Во ЕУ биле опфатени 27 464 испитаници, а во Македонија 1 017 во периодот од 12 до 26 јуни годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This