ГРАЃАНИТЕ И ВОЗАЧИТЕ ДА БИДАТ КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ:Циклонот НЕВЕН ќе услови интензивни снежни врнежи, ниски температури и голомразица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на оваа ноќ како и утре изутрина поради разведрувањето температурите на воздухот значително ќе опаднат и ќе се спуштат во интервалот од -7 до 1 степен додека на планинските места ќе се спуштат и под -10 степени, поради ниските температури ќе има појава на голомразица па затоа граѓаните да бидат внимателни како и каде се движат а исто така крајно претпазливи да бидат и возачите, особено доколку возат низ планинските превои.

Веќе утрешниот ден ни носи нови врнежи кој ќе бидат претежно од снег иако накратко на некои од пониските места има услови за врнежи од дожд и снег, врнежите ќе се интензивираат кон крајот на денот и во вечерните часови кога на повеќе места ќе се формира снежна покривка и тоа на пониските места од 5 до 10 сантиметри, на некои места можно е и повеќе додека на планините ќе се зголеми за над 20 сантиметри, на некои места и за повеќе.

Во југоисточните предели врнежите ќе бидат од дожд и снег додека максимумот на температурите утре ќе се искачува од 1 до 9 додека во вторник од -3 до 6 степени, во вторник ќе дува и умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This