Граѓаните масовно За заедничка Македонија – денес протести во 31 град

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денес објави дека кон протестните маршеви им се приклучуваат нови градови со што од ден протестите се шират и стануваат се помасовни. Денес против рефединирање на Македонија и продавање на националните интереси ќе протестираат 31 град.

betmen-maska-640x388

-Обидите на мала врата да се отвори дебата за промена на идентитетот на граѓаните на Република Македонија нема да успеат. Маските паднаа, „За заедничка Македонија“ не е за прифаќање на туѓи платформи и нивните обиди ќе наидат на силен отпор кај граѓаните на Република Македонија. Денес почнува третата недела на протестите и доказ дека нема да помине платформата, е масовноста на граѓаните која денеска ја имаме во рекорден број на градови, дури 31, истакна Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива.

Од „За заедничка Македонија“ бараат јасно и недвосмислено повлекување на обидите за редефинирање на Македонија и отфрлање на Тиранската платформа

-На огромен број граѓани веќе им е јасно дека вистината е на наша страна, рече Илиевски.

-На почетокот на третата недела откако Македонија е на улица во поддршка на иницијативата „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“  најпрво сакаме да им се заблагодариме на стотиците илјади граѓани кои секојдневно и неуморно кажат доста ни се од политички игри и поделби од кои страда државата. Стотиците илјади граѓани кои се секојдневно на улица пратија порака дека сакаат заедничка Македонија, а не двојазична и бинационална земја на патот кон федерализација. Нивната поддршка на нашата иницијатива е голема обврска, но и мотив да продолжиме понатаму уште по одлучни, подобро организирани и со голема енергија да се бориме на достоинствен и демократски начин за нашите идеали. Минатата недела некои политичари им порачаа на граѓаните да си одат дома и да ги остават нив на препакување на тиранската платформа во друга форма со крајна цел нарушување на унитарноста и суштината на Македонија како мултиетничко општество во кое заеднички живеат и ќе живеат луѓе со многу разлики, но и многу сличности обединети преку јазикот, името, знамето, химната и државниот грб, вели Игор Дурловски.

На прес-конференцијата се обрати и актерката и режисерка Снежана Коневска Руси која изрази поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“. Осврнувајќи се на нејзината генерација која, рече, живеела во мултикултурна држава и посочувачи на многубојните проекти одбележани со мултијазичност во кои учествувала, таа праша што е  тоа што може да им го порача на своите внуци, за тоа во која држава живее.

– Ќе кажам дека веројатно се бориме за својата мајковина, за својот мајчин македонски јазик и за својата татковина- државата Македонија, рече Конеска Руси.

Протестите во Скопје ќе се одвиваат по вообичаената патека. Ќе започнат пред Владата, а ќе завршат пред Собранието, а организаторите најавуваат и перформанс.

Распоред:

1. Скопје – 17 часот
2. Прилеп – 18 часот
3. Струмица – 18 часот
4. Неготино – 17 часот
5. Радовиш – 17 часот
6. Кавадарци – 17 часот
7. Валандово – 18 часот
8. Гевгелија – 18 часот
9. Ново Село – 17 часот
10. Босилово – 18 часот
11. Василево – 18 часот
12. Битола – 18 часот
13. Кичево – 18 часот
14. Охрид – 17 часот
15. Крушево – 17 часот
16. Ресен – 18.30 часот
17. Демир Хисар – 17 часот
18. Куманово – 18 часот
19. Македонски Брод – 18 часот
20. Свети Николе – 18 часот
21. Берово – 17 часот
22. Пробиштип – 18 часот
23. Велес – 17 часот
24. Кратово – 17 часот
25. Виница – 18 часот
26. Македонска Каменица – 17 часот
27. Штип – 18 часот
28. Крива Паланка – 18 часот
29. Делчево – 17.30 часот
30. Кочани – 17 часот
31. Пехчево – 17 часот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This