March 29, 2024, 11:29 am

ГРАЃАНИТЕ МУ СЕ ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ НА ЗАЕВ: Граѓаните се непремостлива пречка во исполнување на агендата од Тиранската платформа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Сараево на 23 февруари изјави дека за 10 до 15 дена Македонија ќе добие влада, но фактите покажуваат дека еден месец подоцна тој се уште не успеа да формира влада. Заев уште еднаш потврди дека најважното прашање е Тиранската платформа и воведувањето двојазичност.

zaev-narod-640x324

-Најзначајните прашања, тоа се идната владина програма, платформата на Социјал-демократите, платформата на албанските политички партии, Законот за употреба на јазиците усогласени. Тоа беа суштествените работи, останува да седнеме со Претседателите на другите партии, да се договориме за ресорите, кадрите во делот на владата и верувам дека за некои 10 до 15 дена, Македонија ќе има нова влада, предводена до Социјал-демократите.

Изјавата на Заев докажува дека тој под притисок на граѓаните и граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ не се осмелува да направи влада која би работела против државните и националните интереси на Македонија.

Тоа вчера го потенцираа и организаторите на иницијативата, Богдан Илиевски и Борис Дамовски.

-Заговорниците на Тиранската платформа рекоа дека до 24 март ќе има влада која ќе функционира според овој срамен документ. Денеска е 24 март и благодарение на над 200-те илјади граѓаните кои излегоа на улиците ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, на повеќе од 40 локации, денес во Македонија нема да се формира Тиранска влада, посочија вчера организаторите.

Според Илиевски и Дамовски, ова е нова значајна победа на иницијативата, односно на граѓаните кои излегоа да покажат дека се спремни и крајно одлучни да се борат за зачувување на земјата која што ја сакаат.

Тие потенцираат дека не смее да се избере претседател на Собранието кој нема да ја отфрли Тиранската платформа.

-Не смее да се избере Претседател на Собранието кој нема да ја отфрли Тиранската платформа и да ја осуди нејзината содржина. Таа мора да биде осудена и отфрлена од сите политички чинители, а Македонија не смее да стане бинационална и двојазична држава, туку мора да биде заедничка држава на сите граѓани кои живеат во неа, истакна Илиевски.

Освен тоа што ветувањата на Заев за формирање влада не се исполнија, тој во Сараево потврди дека Тиранската платформа е приоритетно прашање при евентуалното формирање влада на СДСМ, иако кога Заев ја презентираше наводната програма на СДСМ, никаде не ја спомна платформата.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This