ГРАЃАНИТЕ НЕМААТ КОРИСТ ОД ГЛУМАТА НА СДСМ: Граѓаните немаат никаква корист од тоа што СДСМ после 10 месеци владеење глуми опозиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните немаат никаква корист од тоа што СДСМ после 10 месеци владеење глуми опозиција, го критикува ВМРО-ДПМНЕ и со тоа се обидува да ја покрие катастрофата што ја предизвикува на секој план. Наместо да се вади со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ, власта на СДСМ треба да им објасни на граѓаните каде заминаа нивните пари, стои во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите економски индикатори бележат пад, а цената за лошата економија на СДСМ ја плаќаат граѓаните кои на свој грб ја чувствуваат неспособноста на корумпираната врхушка околу Заев. СДСМ не може да избега од фактот дека економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев само за 10 месеци ја задолжи државата 1,6 милијарди евра и Република Македонија ја стави на европското дно со 0% економски раст. СДСМ не може да избега од фактот дека заради неиспорачувањето на економскиот раст го покачи државниот долг на 40,7 проценти и со тоа државата е посиромашна за 200 милиони евра, за кои граѓаните имаат право да знаат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека СДСМ не може да избега ни од фактот кој го потврди и Светска Банка, а тоа е дека заради нивелирањето на претпоставениот и предвиден раст за 2018 од 3,2 на 2,3 проценти граѓаните ги осиромашија за дополнителни 100 милиони евра.

-СДСМ не може да избега ни од фактот дека ги излажа граѓаните и не може да им го испорача растот од 5 проценти за 2017 до 2020 година. Факт кој беше потврден на вчерашната прес конференција на претставници од Светска Банка кога за истиот период беше презентиран раст од само 2 проценти. Катастрофалната економска политика на СДСМ мора да запре. Република Македонија не смее да продолжи да тоне и мора да оди напред. Граѓаните заслужуваат економија која расте и нуди перспектива. Колку побрзо СДСМ си замине од власт толку побрзо ќе закрепне економијата, а Македонија ќе тргне на вистинскиот пат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This