April 20, 2024, 12:47 am

ГРАЃАНИТЕ НЕМААТ ПАРИ, ЛЕКОВИТЕ И ПО ЧЕТИРИ ПАТИ ПОСКАПИ: Лек кој треба да се продава за 50 денари, во аптека 200 денари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постојано слушајќи за најавеното намалување на цените на лековите, сигурно многумина граѓани беа непријатно изненадени кога за нивните лекови на товар на ФЗОМ пример за хиперплазија на простата или за повишен очен притисок, требаа да платат износи многукратно поголеми од досегашните – стои во соопштението на „Левица“

Треба на сите да им биде јасно дека овој комплициран систем кој овозможува вакви „аномалии“ всушност нашите влади го создадоа само за да му излезат во пресрет на интересите на приватниот капитал. Имено, за да може да ги задоволат сите производители на лекови, претходната власт овозможи лекови од различни производители (и различна цена) со ист состав да можат да бидат на товар на Фондот. Притоа, беше фиксирана една цена (референтна цена) која ја покриваше Фондот за која се плаќаше партиципација. Доколку пациентот користи лек од производител со цена поголема од референтната, тој мораше да плати партиципација плус разликата помеѓу референтната цена и цената на лекот од производителот кој пациентот го користи. Често пати референтната цена беше многукратно помала од цената на чинење на најчесто користените фабрички лекови. Оттаму, и покрај имањето на здравствено осигурување, многу често сметките во аптеките на хроничните болни претставуваа значаен процент од нивниот вкупен приход – додаваат од партијата.

Свој коментар за цените на лековите даде и членот на президумот на партијата, Димитар Апасиев кој на социјалните мрежи напиша дека информациите кои Владата ги лиферува во јавност за наводно намалување на лековите не се точни, и дека лековите за кои тврдат дека се намалени, се всушност и до четири пати поскапи во аптеките.

Тој предлага да се воведе државна веледрогерија, и така да се стави крај на фармацевтската мафија

Само оваа Влада може, „намалувајќи“ ја цената на лековите, истите да ги зголеми за три до пет пати. На пример, лекот до…

Posted by Димитар Апасиев on Wednesday, April 4, 2018

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This