ГРАЃАНИТЕ НЕ ЗАБОРАВААТ : Четири години од обидот на СДСМ насилно да се блокираат институции и носењето на буџетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ни по четири години, граѓаните не ја забораваат сликата од 24 декември кога беше спречено насилно блокирање и уривање на државниот поредок и блокада на институциите. Граѓаните ни по четири години не го заборваат сценариото на СДСМ во обид да се блокираа носењето на буџетот, односно исплатата на пензиите, платите, социјалната помош.

sobranie24-naslovna

Со дрско и насилно однесување на пратениците на СДСМ беше оневозможена работата на законодавниот дом, а беше извршен и напад врз институцијата Претседател на Собранието на Република Македонија. Опозициските пратеници се обидуваа со секакви сценарија за наводно насилство врз нив да ја блокираат работата во Парламентот и носењето на буџетот за 2013 година, додека снимките покажуваат поинаква реалност.

Дрско однесување, навреди, кршење и оштетување на инвентар, удирање на собраниското обезбедување, узурпација на местото претседател беа дел од сцените на опозициските пратеници.

Истовремено, надвор пред Собранието полициските екипи се обидуваа да го одржат редот и мирот.

branko-razbiva-kordon-3

Насилничкото однесување резултираше со пробивање на полицискиот кордон од членови и симпатизери на СДСМ, а меѓу нив место најдоа и тогашниот лидер на партијата Бранко Црвенковски и сегашниот Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This