ГРАЃАНИТЕ НЕ ПРИФАЌААТ ПРОМЕНА: Мнозинството не прифаќа промена на името, само 14% се согласиле со ерга-омнес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никаква промена на името, е ставот на мнозинството граѓани или 47,1 насто, покажува најновата анкета на МЦМС и Институтот за демократија.

Само 14,4 отсто, би прифатиле „двојна формула“, а 14,1 отсто, име за севкупна употреба или erga omnes. Договорено име за во меѓународните организации, е прифатливо за 13,6 отсто од испитаниците, додека 10,1 отсто, би поддржале договорено име за севкупна меѓународна употреба.

Споредено со последната анкета на МЦМС од 2013-тата година, има пад од 15 процентни поени во противењето на каква било промена на името, но негативниот став и натаму доминира.

Во анкетата на МЦМС и Институтот за демократија, која ќе биде презентирана во вечерашното издание на емисијата Топ Тема на Ваша страна на Телма телевизија, а е спроведена теренски од петти до 20 април на 1.004 испитаници, се опфатени и ставовите на граѓаните за географската одредница, идентитетските прашања, и за референдумот.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This