April 26, 2024, 11:01 am

ГРАЃАНИТЕ СЕ БОРАТ ЗА ПАРЧЕ ЛЕБ: Владата на Заев има пари само за партиските послушници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската економија е пред колaпc. Заради неспособната и кpиминaлнa власт, предводена од абoлициpаниот Заев македонската економија повеќе од две години е во слободен пад.


Владата на Заев е заинтересирана само за кpиминaлни тeндери, гpантови и субвенции кои завршуваат во џебовите на партиските пајташи од СДСМ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Додека граѓаните се борат за парче леб, државната каса служи за исплата на партиските послушници на Зоран Заев. Јавниот долг е зголемен за неверојатни 500 милиони евра во рок од само две години владеење на СДСМ. Тоа значи дека Заев за две години секое четиричлено семејство го задолжи за 1000 евра. Истовремено реализацијата на капиталните инвестиции е на поразително ниво. Минатата година реализацијата на капиталните инвестиции го допре дното и беше на историски најниско ниво, додека годинава реализацијата на капиталните инвестиции за месец јануари изнесува срамен 1 процент од планираното.“

Од партијата потенцираат дека Македонската економија е последна во регионот и во Европа, а вкупниот раст за 2017 и 2018 година на економијата во време на владеењето на Заев во Македонија изнесува срамни 2,05%.

„Извозот во јануари годинава бележи пад од 1,9 проценти споредбено со истиот месец минатата година. Загрижувачки е и падот од 12,6 проценти во ИТ индустријата кој се должи на погубните економски политики на Зоран Заев и зголемените давачки кон државата. Економската девастација во Македонија мора да запре. Македонија мора да раскрсти со транзиционите политичари олицетворени во кpиминaлниoт картел предводен од власта. Зоран Заев мора да си замине, доколку сакаме да имаме економски силна и просперитетна Република Македонија“, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This