ГРАЃАНИТЕ СЕ ЕВАКУИРААТ: Само во 2019 од Македонија во ЕУ се иселиле 24 илјади Македонци, односно 1,2 проценти од популацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Статистичките податоци во однос на иселувањето од Македонија се застрашувачки, бројките велат дека Македонците се евакуираат од нашата држава. Пратеникот Антонио Милошоски од Собраниската говорница сподели фрапантни бројќи кои велат дека само минатата година од Република Македонија во државите од ЕУ се иселиле 1,2 проценти од популацијата, односно во апсолутни бројќи 24 илјади граѓани.

-И бидејќи разговараме за труд и социјална политика и евиденција од областа на трудот јас би се согласил со мојот претходен колега говорни кој што ги истакна бројките кои што се фрапантни особено за Република Македонија, но и за целиот регион. Но за жал дури и во регионот Македонија може да се смета за рекордер во иселувањето надвор од државата. Ќе земам ве земји за пример и двете земји не се членки на ЕУ, Македонија и Србија и според податоците кои што ги имавме од истражувачката европска агенција на оваа тема, минатата година само во Европската Унија од Македонија се иселиле 24 илјади граѓани, додека од Србија се иселиле 52 илјади граѓани во земјите членки на ЕУ. Што значи тоа во проценти? Тоа во проценти значи дека од Србија се иселиле 0,65 проценти од населението минатата година, а од Македонија се иселиле 1,2 проценти минатата година. Тоа значи дека состојбата во Македонија споредено со Србија е дупло полоша е алармантна, вели Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This