ГРАЃАНИТЕ СО ОСТРИ КРИТИКИ: Шилегов ќе набавува пушки за да се убиваат кучиња, ова не смее да му помине!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вчерашната информација дека Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов ќе набавуваат пушки за ловење на кучиња, граѓаните не го кријат својот револт.


Тие на социјалните мрежи, јавно го искажуваат својот став по информациите кои медиумите ги пренесоа преку соопштение од Здружение за заштита на животните.

„Набавка на пнеуматски пушки и се бара дозвола од економските оператори кои ќе достават понуда да имаат дозвола за поседување оружје од Д категорија.


Дали ваквиот вид на заловување бил и претходно воведен во пракса? Дали градските шинтери се обучени и евалуирани воопшто за користење на ваков вид пушки?
И која е гаранцијата дека овој вид на оружје нема дополнително да се злоупотреби со оглед на досегашното искуство на мистериозно исчезнување на кутрињата заловени од страна на Вардариште? Која ветеринарна амбуланта веќе поседува ваков вид оружје“, реагираа вчера од Здружението за заштита на животни „Кане Корзо“.

Граѓаните порачуваат дека оваа одлука е нечовечка и се повикуваат меѓу себе дека нешто треба да превземат. Со директни напади кон Шилегов, корисниците на социјалните мрежи велат дека ова нема да му го дозволат.

Оваа “идеја“ на шилегов, граѓаните порачуваат дека нема да ја премолчат. Навредите кон него се бројни, а дел од луѓето кои застанаа против ова, го нарекуваат градоначалникот на Скопје “монструм“.

 

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This