March 28, 2024, 11:03 am

ГРАЃАНИТЕ СО ПЕТИЦИЈА: Да ја спречиме нелегалната изградба на џамија во ски-центарот Попова Шапка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните започнаа со петиција за собирање на доволно потписи против нелегалната изградба на џамија на Попова Шапка, која поминува незабележано од страна на локалната и центраната власт

 

И покрај силните укажувања од медиумите и граѓаните, минитерот за транспорт и врски Сугаревски, како и градоначалничката на Тетово Теута Арифи, сеуште немаат превземено мерки за спречување на нелегалната изградба на џамија во викенд населбата на Попова Шапка, која ја започна ИВЗ.

Поради ова, граѓаните започнаа со онлајн петиција во која како што велат, поради непостапување на надлежните органи, тие ќе бараат поддршка од институциите во ЕУ.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]
Како граѓани на РМ сме револтирани и огорчени од однесувањето на институциите на РМ и од нивното толерантно однесување, кон спроведување на незаконската постапка која ја изврши Исламската Верска Заедница ( ИВЗ ), во спроведување на узурпација на државно земјиште и спроведување на ДИВОГРАДБА, градење на верски објект во реонот на Викенд Населба на Попова Шапка. За овој незаконски акт сопствениците на викенд куќите не се ни консултирани и не се согласни, бидејки местото на кое се гради овој верски објект ( џамија ) е во самата Викенд Населба, и нејзината градба не одговара за ваква населба а и на многу викенд куќи смета бидејки е во нивна близина. Бидејки институциите на РМ немаат превземено ништо од своите надлежности за спречување на оваа незаконска постапка, ние оваа наша петиција за НЕСОГЛАСНОСТ ја испраќаме до сите релевантни институции од РМ, институциите на ЕУ во Република Македонија и Амбасадите на странските земји кои се приатни во РМ. Во надеж дена сите насочени институции кои се декларирани за владеење на правото и почитување на демократијата ке дејствуваат на спроведување на Законите кои владеат во Република Македонија за разрешување на овој незаконски акт и ќе одиграат важна улога за позитивно решение за разрешување на овој чин – СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЗАКОНСКА ГРАДБА ( ДИВОГРАДБА ) БЕЗ ОДОБРУВАЊЕ НА МЕСНОТО НАСЕЛЕНИЕ И НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО СОГЛАСНОСТ СО УРБАНИСТИКИОТ ПЛАН ЗА ВИКЕНД НАСЕЛБАТА НА ПОПОВА ШАПКА. – стои во објаснувањето на петицијата.
[/kopa_block_quote]

Ако сакате да ја поддржите оваа петиција, тоа можете да го направите ТУКА!

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This