ГРАЃАНИТЕ ЈА БАРААТ ГЛАВАТА НА ЗАЕВ: Ќе платиш на избори за сите потфрлувања!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска одржаа прес-конференција на која ги презентираа главните аспекти на Буџетот на Република Македонија за 2019 година, кој вчера, како Предлог-Буџет беше доставен до Собранието на РМ.

Тој за Буџетот изјави дека ова се парите што секој од граѓаните ги одделува за да се вратат назад во заедницата, до секој граѓанин на нашата земја, низ програми и политики што обезбедуваат економски развој, општествена благосостојба и сигурност, социјална праведност и подобра живејачка за секој граѓанин на Република Македонија, без ниту еден исклучок.

Меѓутоа на социјалните мрежи граѓаните не ја пречекаа позитивно неговата презентација објавена на неговиот официјален Фејсбук профил. Од она што може да се забележи на објавата за Буџетот, граѓаните му соопштија на премиерот дека веќе не веруваат во неговите ветувања. Тие се жалат од зголемувањето на цената на нафтата, инфлацијата на производите и го обвинуваат премиерот дека нема постигнато ниту една директна инвестиција во Македонија од Владата на СДСМ. Граѓаните заклучуваат дека животот е дојден само за Заев, неговата фамилија и министрите, а велат дека тие како граѓаните не можат да врзат крај со крај.

Тие ја бараат средната плата од 500 евра која предизборно ја ветуваше Заев и му порачаа дека како Влада потфрлија, а дека последиците ќе си ги сносат на наредните избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This