ГРАЃАНИТЕ ЈА ОСУДУВААТ ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА: Рејтингот на СДСМ паѓа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тиранската платформа наиде на осуда меѓу граѓаните. СДСМ ја плаќа цената цената што не ја отфрли Тиранската платформа и што остави отворени врати  за нејзина реализација преку отворање на дебати. Токму затоа на последната анкета спроведена од ИПИС во периодот помеѓу 10 и 13 март се забележува пад на рејтингот на СДСМ во споредба со рејтингот кој партијата го имаше во декември минатата година кога се одржаа парламентарните избори. Резултатите од истата анкета, пак, покажуваат дека кај граѓаните расте довербата во ВМРО-ДПМНЕ и нивниот рејтинг е зголемен.

akt236-rama-zaev-ali-platforma-1-640x480

За изборите во декември минатата година рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ според ИПИС бил 25,5 проценти, додека сега изнесува 27,1 процент. СДСМ за предвремените парламентрани избори имале рејтинг од 24,4 проценти, а истиот сега изнесува 21,8 проценти. Кај сите партиите од албанскиот блог се забележува пад на рејтингот.

rejting-komparacija

За ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат избори својот глас би го дале 34,3 проценти од етничките Македонци, а за СДСМ 24,3.

anketa-tabela-2

Намалениот рејтинг на СДСМ и албанските партии се само потврда дека граѓаните не сакаат и не го дале својот глас за постизборна платформа потпишана во соседна земја. Опаѓањето на рејтингот на СДСМ покажува дека граѓаните не се согласни за спроведување во државата за двојазичност, промена на знаме и химна, промена на банкноти и казни.

Со прифаќањето на Тиранската платформа од СДСМ, политичари од Македонија и странство дадоа антимакедонски изјави со што се приклучија на реториката на Зијадин Села, според кого, Македонците не постоеле пред 100 години.

Освен тоа, тој истакна и дека потребите на Албанците не се еден Премиер кој ќе дава заклетва пред знаме и химна кои тој сака да ги смени.

По овие изјави на Села следеше настапот на албанската пратеничка Мосила Дода, во која таа го негира македонскиот идентитет, велејќи дека „под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност“.

Последен во низата политичари домашни и странски претставници беше поранешниот белгиски олеснувач во Македонија, Питер Ванхојте, кој во колумна напиша дека федерализацијата и Тиранската платформа би биле позитивни работи за Македонија.

-Од деведесеттите години, можеме да видиме дека доста често, федерализмот се користи како ефективна алатка за решавање на конфликти. Голема предност е дека заедниците можат да добијат еднакви права и еднаков однос кон централното ниво на владеење. Ова создава стабилност која е многу потребна во земја како Македонија, пишува Ванхауте.

Според него, Тиранската платформа има за цел да донесе добри и ефикасни решенија, додавајќи дека нашиот систем е близу целосен колапс.

-Ајде да бидеме сериозни: Што ќе биде најголемата опасност за земја како Македонија? Дали се вистинските барања на албанската заедница, кои за добро и ефикасно решение се можни и покрај тоа што ќе биде потребно да се постават правилни дебати во Собранието – или тоа е авторитарниот стил на некои од лидерите, каде што формирање на влада поддржана од мнозинството од членовите на парламентот е блокирана, каде што не може да се организира локални избори, систем кој е близу целосен колапс?, се вели во текстот на Ванхауте.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This