ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ МНОГУ ПОВИСОКА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: Ако се продаде ЕЛЕМ, граѓаните ќе плаќаат и до 50% поскапа струја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо лажната најава на новата власт за поевтина струја, ќе добиеме многу повисока цена на електричната енергија. Многу експерти веќе и предупредуваа дека со либерализацијата на пазарот на електрична енергија граѓаните нема да плаќаат поевтина струја, туку за 20 проценти поскапа, а доколку дојде и до продажба на ЕЛЕМ тие велат дека струјата ќе скокне за 50 проценти.

 

Зоран Заев за свој советник во Владата го зема поранешниот директор на српското електростопанство, кој иако не е официјално вработен во ЕЛЕМ, доби канцеларии токму во седиштето на ЕЛЕМ. Обрадовиќ во Србија е познат по низа скандали, а ЕПС каде беше директор, го остави со вистински и финансиски и организациски хаос.

Лагата на Зоран Заев и СДСМ дека граѓаните ќе имаат поевтина струја почнаа да ја разобличуваат и луѓе од неговата партија. Поранешниот кандидат за пратеник на СДСМ од Битола, Зоран Ивановски кажа дека во моментов Македонија доби 2 часа во денот повеќе евтина електрична енергија, што и според многу експерти не е ништо повеќе од еден популистички потег, но како што вели Ивановски наредната година ќе имаме од 20 до 50 проценти поскапа електрична енергија.

-Струјата доби евтина тарифа ама во наредната година две ќе поскапи за 50%. Нека трепка датумот па тогаш ќе се објаснуваме, пишува кандидатот за пратеник од СДСМ на минатите избори.

 

Евентуалната продажба на ЕЛЕМ која би требала да се случи на почетокот на наредната година, неминовно ќе донесе поскапување на струјата за најмалку 15 проценти, а покачувањето може да дојде и до 30 проценти. Не се исклучува можноста да дојде до 50 осто поскапување на струјата. Тоа значи дека ако сега граѓаните плаќаат месечна сметка за струја од 3.000 денари, со поскапувањето сметката ќе биде 5.000 денари.

Граѓаните се гневни и разочарани од лажните ветувања на Заев, кој како едно од главните ветувања му беше намалување на сметките за електрична енергија, а граѓаните сега ќе добијат скоро и двојно повисоки сметки.

Инаку и ЕВН ја демантираше Владата на СДСМ дека сите граѓани ќе добијат евтина струја од први октомври. Од ЕВН кажаа дека во системот има 800 илјади броила кои ќе мора да се прилагодат на новиот тарифник на самото место.

-Прилагодувањето на секое поединечно броило е рачно, за што е потребно физички контакт со секое броило од страна на нашите читачи на броила. Во следните денови ЕВН Македонија ќе достави информација за временскиот план на прилагодување на броилата согласно новиот тарифен систем, кажаа тогаш од ЕВН.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This