April 18, 2024, 10:40 pm

Гpaѓаните ќе плаќaaт 50 евра плyc за стpyjа за Бислимовски да набaвyвa кафe за 8 илјади евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 И додека СДСМ, преку претседателот на Регулаторната комисија за енерегетика Марко Бислимоски ја покачија цената за 7,4 проценти, а со тоа се оптовари секое семејство за дополнителни во просек околу 2.200 денари на годишно ниво, Регулаторната прави набавки во вредност од пола милион денари само за кафе.

На официјалната страна на јавни набавки објавен е оглас за набавка на кафе и чај од стана на Регулаторната комисија за енергетика во износ од скоро пола милион денари. Регулаторната комисија на чие чело е Марко Бислимоски, личност која важи за блиска до СДСМ или како што велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Заев преку него ги реализира сопствените интереси и интересите на семејството Заеви. За тоа има и доказ, во јавноста кружи слика како Бислимоски е чест гостин во нивниот штаб.

Инаку, владата континуирано се жали дека нема пари и дека константно се задолжува за да ги сервисира обврските. Но, затоа очигледно институциите воопшто не отстапуваат од своите луксузирања и трошење без усул на народни пари во време на пандемија и економска криза. Се трошат народни пари за набавки кои не се неопходни. Дополнително граѓаните се оптеретуваат пак со повисока цена на струјата.

Токму за одлуката на Регулаторна за покачувањто на струјата има речиси секојдневно протести. Протестираат граѓани низ сите градови, а на лагите кон народот во контекст на цената на струјата потсети и ВМРО-ДПМНЕ, а организираше и протести. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This