Граѓаните peволтирани: Плаќаат поскапа стуја, а речиси секој ден се остануваат без електрично напојување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ситуацијата на секое поле во државата е загрижувачка. Тоа го потврдуваат и бројките  каде  од месец март до денес над 50.000 граѓани останаа без своите работни места и 500.000 граѓани живеат со 2 евра на дена. Но, наспроти овие загрижувачки бројки граѓаните секојдневно укажуваат дека иако економските парамeтри се поразителни тие плаќаат повисока цена на електричната енергија.

-Веќе подолг период забележуваме прекини во електричната енергија. Тоа се случува 3-4 пати во неделата. Ние се грееме на струја и поради ваквите почести и подолги прекини на електрична енергија остануваме без греење,  ни раскажа лице кое живее во Кисела Вода.

За истата оваа ситуација ни потврдија и граѓани од повеќе делови од Скопје како и од внатрешноста.

-Исто и кај нас во Штип, Виница, Гевгелија се случува овој проблем. Неколку пати на подолг период во текот на денот се случува да немаме струја. Но и покрај ваквата проблематика  забележуваме и зголемување во цената електричната енергија. По најавеното покачување на цената на електричната енергија сега плаќаме повисока сметка за приближно 600 денари од вообичаеното, ни посочија други граѓанини.

За поскапувањетоа не електричната енергија ВМРО-ДПМЕ протестираше и апелираше власта да не ја покачи цената на електричната енергија.

-Протестираме за социјална тема, тоа е покачената цена на електрична енергија. Првото барање враќање на старата цена на електричната енергија. Наместо да му овозможувате вонреден профит на универзалниот снабдувач, намалете го процентот“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од пред зградата на Регулаторната комисија.

По сите овие информации можеме да заклучиме дека на властите поважно им е што е можно повеќе да се збогатат отколку да им помогнат во овие тешки времиња. Имено и во овие 100 Влада граѓаните добија повисоки сметки за струја

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This