ГРАЃАНСКАТА ВЛАДА СО СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА: Неписмени политичари и квази-интелектуалци нѐ прават за потсмев во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската влада на Р.Македонија, сочинета од низа на докажани интелектуалци, академици, новинари и екс-функционери, денес излезе со соопштение за ставовите на Заев и Димитров по однос на прашањата во врска со изјавите дека Македонците, Грците и Бугарите се еден народ

Соопштението ви го пренесуваме во целост

ГРАЃАНСКАТА ВЛАДА НА СЛОБОДНА И СУВЕРЕНА МАКЕДОНИЈА ИЗЈАВУВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА НЕПИСМЕНОСТ Е ИНДИВИДУАЛНА, НО НАПОРИТЕ ТАКВА НЕПИСМЕНОСТ И ГЛУПОСТ ДА СЕ НАМЕТНАТ ВРЗ ЦЕЛ НАРОД Е ПРЕСТАП:

                    ПРВО, многу пати македонски политичари кога зборуваат за односите со Бугарија и Грција покажуваат неразбирање и за македонската и за соседската историја. Во суштина, тоа е нивна целосна карактеристика – да зборуваат без да разбираат. Во случајот Заев-Димитров, недостасува и мисловна логика. Ако Бугари и Македонци се „сшт” народ (Заев), а истото се однесува за Грци и Македонци (Димитров), тогаш излегува дека Бугари, Македонци и Грци се еден народ. Откритие за Нобел!

                    ВТОРО, ако сакаш да потпишуваш договор за општо славење на историја, која не ја знаеш, мора да прочиташ барем што сѐ кажале политичарите и државниците на „сштиот„ народ:

                    – бугарскиот владетел Фердинанд (1887-1918) тврди дека Бугари и Македонци се посебни народи,

                    – истото го тврдат и бугарските премиери Рачо Петров, Александар Стамболиски, Александар Цанков, министерот за надворешни работи Григор Начович и др., како и премиерите од времето на социјализмот, Георги Димитров, Васил Коларов, Влко Црвенков,

                    – Димитар Благоев, создавач на бугарската социјалдемократија, во бугарското Собрание официјално изјавува дека не е Бугарин, туку  „македонски Словен„ од Загоричани, Егејска Македонија.

                    ТРЕТО, фактот дека против подарувањето на македонската историја на Бугарите и на Грците и против заедничкото славење на македонскиот Илинден досега не се огласи ниту една образовна и културна институција во Република Македонија (МАНУ, Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Универзитетот Гоце Делчев во Штип, Институтот за национална историја, Институтот за македонска литература, Институтот за македонски јазик, Народната и универзитетска библиотека итн.) покажува дека НАЦИОНАЛНИОТ НИХИЛИЗАМ  Е ДЛАБОКО НАВЛЕЗЕН ВО МАКЕДОНСКОТО ТКИВО.

                    ЗАКЛУЧОК: КЕ МОРА ДА ЈА ГРАДИМЕ НАШАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА ПОВТОРНО НА ЦВРСТИ ИНСТИТУЦИОНАЛНИ И НАЦИОНАЛНИ ТЕМЕЛИ.

ГРАЃАНСКА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

7 јуни 2017, Скопје

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This