ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА „ГО САКАМ ВОДНО“ СО ДЕМАНТ: МЕГ лаже дека е постигната согласност со активистите за гасоводот, машинеријата повторно е на терен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ во потполност го демантира соопштението на МЕР  АД Скопје, со кое ја информираше јавноста дека активностите на планината за гасоводот продолжиле откако била постигната согласност со граѓанските активисти.

Реакцијата на активистите од „Го сакам Водно“ уследи откако од МЕР соопштија дека од понеделникот се отпочнати активностите за изградбата на магистрален гасовод делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно и тоа од КМ 25 до КМ 26 на потегот кон Шишево.

„Во официјално соопштение МЕР АД Скопје вчера, 11.10.2018, ја информираше јавноста дека била постигната согласност со граѓанските активисти кои ќе биле дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект.

Во потполност ја демантираме информацијата за граѓанската иницијатива Го Сакам Водно со која согласност не е постигната, ниту пак сме дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект.

Ширење лажни вести како официјално соопштение е сепак пострашно од fake news, нели Миле Бошњаковски и Бајрам Реџепи?

Освен, ако нема некои нови, преку ноќ одгледани граѓански активисти.“, напишаа од „Го сакам Водно“.

Планинари и активисти вчера алармираа дека повторно машинерија работи на скопската планина..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This