ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИЈА НЕЗАДОВОЛНИ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ: 35 проценти од децата роми во Македонија живеат во супстандарни услови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Центарот за семејно и детско згрижување – Атина и Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје изразуваат загриженост во однос на степенот на заштита на правата на децата Роми во Република Македонија.  Питачењето, напуштање на образовниот процес, непоседувањето на лична документација и проблеми при регистрација на ромските деца главно како резултат на недокументиран статус од нивните родители, реинтеграција во образованието на децата-повратници (од семејствата на баратели на азил), лоши услови за домување, непознавање на јазикот на училиштето, деликвенцијата, дискриминацијата, невработеноста и лошата економска состојба на ромските родители, злоупотребата на детскиот труд (“изнајмување” на деца за непријавени работни активности или питачење) се сеуште главните проблеми со кои се соочуваат децата Роми и нивните родители во Република Македонија, наведуваат претставниците на институциите и граѓанскиот сектор.

Во моментов, КМОП и РРЦја анализираат моменталната состојбата и механизмите за заштита на правата на децата Роми во Република Македонија и спроведоа 7 инфо денови и 7 фокус групи со претставници на сите релевантни институции и организации на локално ниво и тоа во градовите (Кочани, Штип, Куманово, Прилеп, Тетово, Шуто Оризари, Топана/Чаир), во рамки на проектот “Градење на силни локални мрежи за подобрување на заштитата на правата на децата Роми”, поддржан од Европската Унија.
Досегашните извештаите, пак, потврдуваат дека 35% од децата Роми во Македонија живеат во супстандардни услови кои директно влијаат на нивниот квалитет на живот, здравјето и социјалната заштита, на образованието и домувањето,односно на основните човекови права. Затоа, неопходни се итни акции за да се обезбеди долгорочно подобрување на состојбата на децата Роми и подобро да се заштитат нивните права и подигнување на свеста за важноста од почитување на правата на децата и признавањена повреда на нивните права.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This