ГРЕВОВИ КОИ СЕ ПРЕПЕЛКААТ ВО СОПСТВЕНИОТ ИДИОТИЗАМ: Неколку порталчиња со обид да го дискредитираат iNFOMAX.mk

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Би било смешно, кога не би бил трагичен обидот на некои порталчиња да го експлоатираат iNFOMAX.mk  за да кренат на сопствената читаност притоа изнесувајќи тотални манипулации и лаги, во кои ниту тие самите не веруваат, но мораат да ги пласираат бидејќи најверојатно се работи за нарачка од оној кој се обидуваат да го бранат

 
andrea_portalcinja
 

Во координирана акција, денес неколку порталчиња во очаен обид за кревање на читаноста користејќи го iNFOMAX.mk, објавија текст за некое наводно извинување кое било објавено од наша страна, а се однесувало некои лаги и клевети кои биле искажани против Андреа Јосифовски.

Тотално неточно.

Кога уредниците на овие порталчиња би знаеле да читаат, или кога нивното ниво на интелегенција би го надминувал прагот кој означува идиотизам, тогаш би биле свесни дека објавување на текст во кој се тврди дека iNFOMAX.mk се извинил на Јосифовски е тотална глупост и недоветност.

Имено, текстот кој се спомнува како извинување всушност е текст во кој до Андреа Јосифовски беа поставени дузина прашања, кои овие порталчиња нема храброст да ги објават. Дузина докази и документи за кои од Андреа Јосифовски и неговиот адвокат баравме објаснување.

Всушност, текстот објавен на iNFOMAX.mk беше објавување на заканите кои Андреа Јосифовски преку неговиот адвокат ги испратија до нашиот медиум, преку кој им ставивме до знаење дека од закани не се плашиме, и дека нема да престанеме со објавување на документи и да поставуваме прашања на кои целата Македонска јавност чека одговор.

Но, треба да бидат свесни и порталчињата и нарачателите на очајните текстови, дека секој ваков текст ќе биде искористен од нас како повод повторно да ги поставиме прашањата.

Сепак, прво да го видиме оригиналниот текст објавен на iNFOMAX.mk за кој овие порталчиња тврдат дека е извинување.

Како што можеме да видиме, воопшто не се работи за извинување, туку за одбивање на заканите и поставување на прашања на кои сеуште немаме добиено одговор.

Бидејќи, тука зборуваме за Јосифовски од кој сеуште немаме добиено одговор, ја користиме и оваа прилика истиот јавно преку овие порталчиња да достави одговори на следните прашања.

Дали не е вистина дека Јосифовски бил директор на оф-шор комапнијата „Петроимпекс Оверсис Лимитед“ со седиште во Кипар? Компанија која е формирана во истио период кога Јосифовски станува директор на „Макпетрол“?

sest_makpetrolpodvleceno

pet_makpetrolpodvleceno

Дали е неточно дека додека Оилко (компанија сестра на Макпетрол) генерира профити, „Макпетрол“ остварува негативни финансиски трендови, еквивалентни на профитите на Оилко?
dnevnik_makpetrol

Можете ли да дадете логично објаснување, и да понудите било каков одговор на нашето прашање. Дали не е сомнителен фактот дека иако кривично обвинет за перење пари и манипулирање со берзанските акции, одненадеж обвинителниот акт го снемува без никакво официјално објаснување? Дали според вас ова не буди сомневање за било каква интервенција на политичките елити?

krivicna_andrea

Можете ли г-дин Дуковски вие и вашиот клиент да го отфрлите фактот дека во официјалните податоци на Централниот регистар во Македонија постојат истите податоци како и во институциите во Кипар, иако преку моќта на заканите се обидувате да не заплашите и да изнудите од нас да лажеме и да кажеме дека ова е неточно?

sedum_makpetrolpodvleceno

Каков е вашиот официјален коментар за сомнежите дека најблиското семејство на Андреа имале фантомски компании?

prv_makpetrol

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This