April 26, 2024, 11:39 pm

ГРОЗЈЕТО СКАПУВА, БИТНО ПЕЕШЕ: Општина Кавадарци потроши 70 илјади евра за прославата на гроздоберот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека грозјето скапува по лозјата, откупните цени се катастрофално ниски, владата заедно со градоначалникот Митко Јанчев ги убедува лозарите дека ситуацијата не е толку лоша. Сепак капката која ја прели чашата е настапот на Цеца за кој општината потроши неверојатни 70 илјади евра пари на граѓаните за ,,успешниот гроздобер”, а впрочем ова претставува една од најлошите години за лозарите.

Нема напредок во преговорите околу цените, лозарите работата со загуба. Цените од 11 и 13 денари за килограм “смедеревка” и “вранец” не се доволни лозарите да ги покријат ни своите произодствени цени. Тие бараат да им се плати реалната вредност од 15 денари за “смедеревка” и 17 денари за “вранец”, односно за овие најзастапени сорти тие бараат поголеми откупни цени. Лозарите потенцираат и дека се уште е актуелен и проблемот со винарските визби кои не го доисплатиле грозје од претходни реколти.

Покрај проблемот со ниските откупни цени на грозјето, производителите на праска се во уште по незавидна позиција. Флуктуацијата на откупната цена на праската во изминатите 4 години е огромна, а доколку се направи компарација на цените на праската пред неколку години и денес разликата е огромна. Цената на праската во 2016 изнесуваше 8 денари по килограм, а за само две години достигна историски најниско ниво од катастрофални 2 денари по килограм.

Токму поради оваа причина земјоделците се гневни на градоначалникот Митко Јанчев кој ги троши парите на граѓаните за забави и носење на турбо фолк пеачки додека земјоделците се доведени на работат на егзистенцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This