ГРОМ:СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА Е НЕПРАВДА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ вечерва одржа седница на Извршниот одбор и ја разгледа политичко безбедносната состојба во Република Македонија. Истата беше оценета како многу сложена и тензична. Членовите на Извршниот одбор  оценуваат дека двегодишното политичко насилство од политичарите врз граѓаните, на 27 април се претвори во физичко насилство од народот врз политичарите.

logo-grom-150x150

Ова е уште една потврда дека политичарите мора сериозно да размислат околу тоа колку говорот на омраза влијае врз подгревање на страстите кај одделни граѓани.

Физичкото насилство не го одобруваме и мора да има правна одговорност. Но, да се бара кривична одговорност само од народот, а не и од инспираторите значи да се „удира“ по последиците, но не и по причините.

Одговорност мора да поносат сите: одделни лидери на партии, граѓани и пратеници.

ГРОМ бара:

  1. Кривична одговорност за пратеникот кој пееше химна на друга држава во македонскиот парламент.
  2. Кривична дговорност за лидерот на партијата кој на прес конференција самиот изјави дека тој имал сценарио.
  3. ГРОМ бара кривична одговорност за извршителите на сценариото кои грубо го прекршија Уставот и Деловникот за работа на Собранието.
  4. Кривична одговорност за телохранителот кој испука два куршуми меѓу гневните граѓани и држеше вперен пиштол во истите.

Значи одговорност – за сите! И тоа без исклучок.

Барање одговорност само од одделни граѓани кои учествуваа во тепачката во Парламентот, а не и од иницијаторите на инцидентот, е делење селективна правда, а селективната правда е неправда!

ГРОМ сака уште еднаш да укаже дека не е добро да се потцени народот и за лошите политики на политичарите не може само тој да сноси одговорност. Во моментов народот е шокиран од случувањата на 27 април и потоа, и ако натаму се продолжи со занемарување и потценување од страна на парламентарното мнозинство, охрабрени од одделни амбасади, гневот ќе се врати како бумеранг. Се плашиме дека новиот бран на гневен народ ќе биде многу посилен и надвор од било каква политичка контрола, што е многу опасно за Република Македонија, а тоа е вовед  во граѓанска војна.

Затоа, ГРОМ предупредува дека секој политички чекор и натамошно кршење на Уставот на Република Македонија ќе не воведе во нови конфронтации и оттаму мора да се седне и да се најде решение што ќе ги смири страстите без да има победници и поразени.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This