ГРОМ: Зошто молчат борците од НОБ за договорот со Бугарија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На неполни три недели пред 2 август ( Илинден) и најавеното заедничко славење на темелите на македонската држаност, како и  во  „очи“ на потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, граѓаните на Република Македонија немаат никакви информации од страна на Владата за тоа што содржи истиот.“- ова денеска пред седиштето на Борците од Народно ослободителната борба пред медиумите го изјави  потпретседателот на Граѓанската опција за Македонија Љупчо Пренџов.

Понатаму  Пренџов истакна дека сите информации кои македонската јавност  ги добива се официјалните изјави на поранешниот министер за дијаспора во Бугарија Божидар Димитров, и поранешниот претседател на Република Бугарија Петар Стојанов, додека кај нас нема никаква општествена дебата по однос на ова битно национално прашање.

-ГРОМ постојано предупредува, дека за ваков договор од национално значење е нужно да бидат запознаени граѓаните на Република Македонија, научната јавност, како и пратениците од власта и од опозцијата, впрочем, како што се запознати бугарската јавност и бугарските пратеници. ГРОМ  го повикува Сојузот на борците од НОБ 1941-1945 година, да се произнесе околу предвидениот договор за добрососедство со Бугарија. Борците од НОБ се камен – темелник врз кои е основана македонската држава. Тие како живи сведоци на најсветлата историја се должни да се вклучат во општествената дебата за тоа дали Бугарите беа окупатори и фашисти или „ ослободители“ на македонскиот народ? , потенцираше потпретседателот на ГРОМ Љупчо Пренџов.

Во овој контекст, продолжи Пренџов сакаме да потсетиме на острите реакции од страна на борците на НОБ  при обидот за заедничко славење на Илинден и потпишување на заедничка декларација од страна на владите на Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

– Ова не се настани кои се случени пред неколку векови, туку ова се настани случени пред неколку децении. Директните искуства и сведоштва на борците од НОБ можат многу да помогнат во разјаснувањето на историските факти и вистини, категоричен беше Пренџов.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This