ГРОМ подготвена за избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Распуштањето на Парламентот од страна на пратениците во овој парламентарен состав, и распишувањето на изборите на 11 декември годинава, беше повод претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски да даде изјава за медиумите.

dsc_4540-300x200

Првиот човек на ГРОМ нагласи дека дојде време од фаза на деструкција, да се премине во фаза на натпревар на идеи, програми и понуда на  подобра визија за развојот на Република Македонија од страна на политичките партии и политичарите.

  • На граѓаните на Република Македонија им должиме просперитет, а не стагнација, им должиме вистински натпревар на проекти, а не секојдневни обвинувања, од кои впрочем и не се живее подобро, туку од испорачаните резултати, категоричен беше лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски  истакна дека во изминатите две години постојана политичка криза, сите граѓани на државата, но посебно стопанствениците претрпеа многу штета. Јакимовски  изрази задоволство , што сите 110 пратеници се согласија дека сите услови за одржување на фер и демократски избори се исполнети.

  • Се донесе изборен законик по волја на опозицијата, и се формираше СЈО со сопствен буџет по волја на опозицијата. Водечката опозициска партија доби претседателство и мнозинство во Државната изборна комисија, и исто така се прочисти избирачкиот список, со што се тргнаа сомнежите од него. Според договорот беше предвидено на 100 дена пред избори, да се повлече премиерот од функцијата, а тој веќе 11 месеци, или 330 дена е повлечен од функцијата претседател на Владата на Република Македонија. Медиумите се регулирани со формирано ад-хок тело за нивен мониторинг, и на крајот во Владата на РМ се два министри и три заменици министри предложени од страна на опозицијата, образложи првиот човек на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Сите петна околу изборите се отстранети, и ги повикуваме сите политички партии, од власта и од опозицијата, да дадат свој максимален придонес за фер, демократски и избори спроведени по највисоки стандарди. Како ГРОМ, продолжи Јакимовски сакаме да кажеме дека тој што ќе победи да не мисли дека ќе го има камшикот во раце и ќе прави што сака, туку од името на мнозинството граѓани ќе управува со институциите во државата, но ќе води сметка и за тие кои не гласале за него.

  • Оној што ќе загуби на изборите, треба да има доблест да пружи рака и да не и прави штета на државата. Не е крај на светот, ако се изгубат избори, туку треба со кадровски и програмски корекции опозицијата да се наметне како вистинска алтернатива на власта. ГРОМ смета дека ова се пресудни моменти кога ќе се донесе вистинската одлука: дали натаму ќе се остварува милениумскиот идеал на самостојна и независна држава на македонскиот народ и народите кои живеат во неа, која ќе ја предводат политичари по нивен избор, или ќе се претвориме во вазална држава која ќе ја предводат луѓе кои се продолжена рака на туѓи интереси. ГРОМ смета дека во вакви клучни моменти силите не смеат да се растураат, дециден беше Јакимовски.

На крајот од своето обраќање претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски истакна дека граѓаните мора да имаат јасна слика за тоа кој се бори за националните интереси, за зачувување и афирмација на државата, кој нуди политичка стабилност, кој има подобар економски, социјален, образовен,  здравствен,  земјоделски,  културен и развоен концепт, а кој нуди деструкција, назадување, стагнација и хаос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This