April 24, 2024, 10:22 am

ГРОМ СО ПОДДРШКА ЗА ПРОТЕСТОТ: Ќе го поддржиме семакедонскиот протест, и секое јавно изразување на незадоволство против политиките на оваа власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ на Стевчо Јакимовски, соопшти дека ќе го поддржи семакедонскиот протест кој треба да се одржи денес во 18. часот, објаснувајќи дека не се согласуваат со политиките на актуелната власт, особено со дипломатските потези по однос на нашето Уставно име.

 

„ По повод СЕМАКЕДОНСКИОТ ПРОТЕСТ закажан на 27ми Фебруари 2018та година во 18:00 часот, пред ЕУ Центарот во Скопје, Граѓанска Опција за Македонија го подржува.

ГРОМ не се согласува со политиките на актуелната власт, особено во дипломатските односи и цената која ние како Македонци треба да ја платиме за нашето ченство во Атланските и Еврпоските интеграции.

Граѓанска Опција за Македонија цврсто стои на ставот дека името Република Македонија, не треба да менува.

Затоа, ГРОМ ќе го подржува секое јавно изразување во контекст на несогласување со водењето на надворешната политика од страна на владата, а особено по прашањето на името на државата, идентитетот, јазикот и историјата.

Ова се прашања за кои никој во историјата не водел компромис, ниту била која земја во светот. Затоа и Република Македонија нема зошто да прави отстапки за членство во сојузи за кои не им се знае рокот на траење.“ – стои во соопштението на ГРОМ.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This