April 19, 2024, 12:18 am

Груби-Гир: Heмa пpocтop зa eвpocкeптицизaм, нeмa дpyгa aлтepнaтивa ocвeн евpoпcкaтa интeгpaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денес оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава, г. Дејвид Гир.

Безрезервната поддршка што Европската Унија и ја дава на Република Македонија во процесите на развој и интеграција, посветеноста на Владата на земјата за понатамошното унапредување на реформските процеси, политиките на дијалог и стратешките цели на државата, беа дел од разговорот за време на оваа средба, а исто така дискутиравме заедно и за прославата по повод 20-годишнината од Охридскиот Рамковен Договор и пописот на населението.

Првиот вицепремиер Груби му ја изрази на амбасадорот Гир определбата на земјата на патот кон интеграцијата и важноста на посредувањето на Европската Унија во надминувањето на спорот со Бугарија, како и му изрази благодарност за досегашната заложба за изнаоѓање решение што ќе биде во интерес на двете страни.

Груби истакна дека нема простор за евроскептицизам меѓу политичките елити или граѓаните бидејќи сите наши достигнувања се заеднички и ќе продолжиме така.

Груби истотака го информираше амбасадорот Гир за зелената агенда, како стратешка ориентација на земјата за подобар живот по нормативното заокружување на сите политички прашања утврдени во Охридскиот Рамковен Договор и Преспанскиот Договор, кои ги поставија темелите за еднаквост, демократија и еднаков економски развој.

Од своја страна, амбасадорот Гир во име на Европската Унија го потврди учеството на одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот Договор.

Двајцата соговорници на крајот од оваа средба се согласија дека треба да се вложат максимални напори за да се постигне единствената и непоколеблива цел на Република Македонија за интеграција во Европската Унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This