April 19, 2024, 10:31 pm

Груби е премиер: Ќе биде како што кажа тој, ќе има субвенции по етнички клуч

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ако ме прашате мене како министер за економија ќе ги направам најголемите напори за таа мерка да почне да се реализира. Ќе барам од владата со донесувањето на предлог буџетот за наредната година такви средства да бидат предвидени.“, рече Бектеши. Според него истата не значи и вработување во одредена компанија само за Албанци,Турци,Македонци.. Министерството работи на новиот буџет и во зависност од консултациите и со стопанските комори ќе видиме, ќе важи за сите правни субјекти во Македонија. Не значи дека важи само за Албанци, Турци или Македонци. Значи дека секоја приватна компанија која е основана и раководена од Албанец ако вработува Македонец ќе биде поддржана од Владата и обратно. Тоа ќе биде направено на инклузивен начин за што повеќе да се зближат граѓаните.

Само неколку дена откако премиерот Заев тврдеше дека државата нема да субвенционира етнички вработувања во приватните фирми, туку помош ќе има без оглед на етничката припадност, а предност ќе биде квалитетот на работникот, министерот за економија Крешник Бектеши го демантира објавувајќи ги контурите на мерката која пред неколку дена во јавноста ја обелодени прв вицепремиер Артан Груби.

„Ако ме прашате мене како министер за економија ќе ги направам најголемите напори за таа мерка да почне да се реализира. Ќе барам од владата со донесувањето на предлог буџетот за наредната година такви средства да бидат предвидени.“, рече Бектеши.

Според него истата не значи и вработување во одредена компанија само за Албанци,Турци,Македонци.. Министерството работи на новиот буџет и во зависност од консултациите и со стопанските комори ќе видиме, ќе важи за сите правни субјекти во Македонија – рече Бектеши.

-Мерката не е само за еден етникум, туку се однесува за сите приватни компании кои се управувани или се во сопственост на некој од една етничка заедница, а вработуваат лица од другите етнички заедници да бидат субвенционирани од страна на Владата. Не значи дека важи само за Албанци, Турци или Македонци. Значи дека секоја приватна компанија која е основана и раководена од Албанец ако вработува Македонец ќе биде поддржана од Владата и обратно. Тоа ќе биде направено на инклузивен начин за што повеќе да се зближат граѓаните, појасни Бектеши.

Тоа значи дека државни субвенции за вработување по етнички клуч сепак ќе има и во приватниот сектор, и тоа најверојатно од наредната година. -Тоа е дел од владината програма, и нема отстапки од неа, потврди министерот за економија.

За разлика од него, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи викендов изјави дека е неблагодарно државните пари да се делат по етничка основа.

„Мислам дека е неблагодарно да целиме да парите кои ги даваме се делат по етничка основа. Прашањето ќе биде одговорено со подпрашање. Дали навистина на едно болно дете ќе треба да кажеме дали тоа болно дете е по етничка припадност Албанец,Турчин или Македонец па така да ги даваме по клуч. Ако одговорот е ДА -тогаш заедно ќе го креираме тој модел. Но во едно општество во кое сакаме да градиме правично општество сметам дека тоа треба да го заборавиме.“, рече Битиќи.

Идејата, која е дел од прогрмата на ДУИ, беше промовирана од вицепрмеиерот Артан Груби. Тој изјави дека за вработување на Македонци во Тетово и Гостивар владата ќе дава субвенции.

,, Етничкиот клуч во вработувањата е многу важен, бидејќи така налага и Охридскиот рамковен договор и уставното начело за правична застапеност на сите заедници во земјава, но тоа не значи дека ќе има помал квалитет на луѓето кои ќе ги добијат работните места. Не е дискриминирачки, туку напротив е правична застапност на сите заедници. Не треба да се гледа како унапредување само на Македонците или Албанците, туку важи и за Срби, Роми, Власи, Бошњаци и за Туци и за сите други заедници ако ги исполнуваат условите за работното место кое аплицирале, изјави Груби…

По најавите на Груби експресно реагираше ВМРО-ДПМНЕ… велат субвенционирањето на приватни компании за вработувања по етнички клуч е неприфатливо.

За дел од експертите ваквата мерка, онака како што е претставена од Груби,е спорна, но велат, треба да се почека официјалната одлука на Владата..

Подоцна и премиерот Заев се најде на иста линија со Груби и кажа дека субвенции ќе има и за вработување на Македонци во Тетово и Гостивар. Инаку бизнис заедницата реагираше дека недозволиво е власта да се меша во приватниот сектор и да се дискриминираат граѓаните по етничка основа и дека квалитетот на работникот треба да остане клучен критериум за вработување.

.-Генерално како држава имаме политичко и социјално уредување, според кое сите се еднакви. И во Уставот стои дека сите граѓани имаат еднакви права и можности. Со својата изјава вицепремиерот Артан Груби покажува дека не го почитува Уставот и законските одредби на државата која што ја претставува. Поради тоа не треба да се нагласува дека ќе се субвенционираат компании кои ќе вработуваат Албанци. Ние функционираме во мултиетничко општество, а одредени претставници на етнички групи со ваквите изјави најавуваат дека ќе постапуваат спротивно на она што стои во Уставот, изјави за весникот ВЕЧЕР, Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак ваквата идеја ја оцени како дискриминирачка и неприфатлива.

-Субвенционирање на приватни компании за вработување по етнички клуч е апсолутно неприфатливо. Компаниите не треба да се делат по тоа кого вработуваат. Наместо политика на апартхејд, нека почнат да водат европски политики, изјави портпаролот на партијата, Наум Стоилковски.

Дали по јавниот сектор, т.н. правична застапеност ќе стане критериум и за вработувањата во приватниот сектор ќе се знае веќе при кроењето на новиот Буџет за идната година.

Фирмите се уште се во очекување на четвртиот пакет економски мерки, кој според најавите се очекува до крајот на неделава.

Бектеши до Касами за двојазичноста во приватните фирми: Прочитај ја владината програма, пред да коментираш, гласавте за неа

Министерот за економија Крешник Бектеши му порача на владиниот партнер и лидер на Беса, Билал Касами да ја прочита владината програма пред да дава изјави. Касами во интервју изјави дека приватните компании тереба да воведат двојазичност бидејќи дел дипломирани Албанци не говорат македонски јазик.

– Нашите сектори ќе работат на креирање на мерки за субвенционирање на приватните фирми при вработување на различни етникуми. Ве повикувам да ја видите владината програма и ние како функционери сме задолжени да ја почитваме и реализираме програмата. Се разгледуваат неколку опции како од идната година субвенционирање да се реализира. Политичарите да ги читаат владините програми пред да коментираат, еве тоа е содржано во владината програма на страница 39 параграф 3. Нека ја прочитаат оти гласале за владината програма – изјави Бектеши на новинарско прашање дали со премиерот Заев или вицепремиерот Битиќи разговарале за тоа и кој е ставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This