Груби со честитка по повод Денот на независноста: Овие важни моменти на оваa 30 годишнина, како независноста, Охридскиот, Преспанскиот и договор за добрососедство се темелите на државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, им го честита на граѓаните 8 Септември, Денот на независноста.
-Последните 30 години не научија дека кога заедно ја градиме иднината, врз основа на меѓусебното почитување и рамноправност, прегрнувајќи ги вредностите, разликите и диверзитетот како можност а не како пречка, воспоставување на транспарентен и искрен дијалог, ништо не е невозможно. Албанците беа и сите се за независност, врз основа на темелите на референдумот, Декларацијата за независност и Охридскиот рамковен договор го избравме дијалогот, рамноправноста и соживотот, но и пријателството со соседите и го определивме нашиот пат кон НАТО и Европската Унија, истакнува Груби во честитката.
Затоа, Договорот за добрососедство и Преспанскиот договор, посочува тој, се неразделен дел од мозаикот кој не направи членка и доверлив партнер на НАТО.
-Овие важни моменти на оваa 30 годишнина, како независноста, Охридскиот, Преспанскиот и договор за добрососедство се темелите на државата. Заедно сме навистина посилни. Честитки до сите наши граѓани за овој наш јубилеен 30 – годишен повод од нашата државност, потенцира Груби во честитката

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This