Груби: Убеден cyм дека попиcoт во април ќе се одpжи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Убеден сум дека пописот ќе се спроведе во април оваа година, изјави денеска на прес-конференција првиот вицепремиер Артан Груби.

Груби одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавата на заменик директорот на Државниот завод за статистика, Иљми Селами дека можно е пописот да се одложи поради пандемијата, рече дека тоа е негов став, но и став на ДУИ и на Владата.

–Пописот е процес којшто го започнавме уште минатата година и треба да се одржи годинава. Имаше апсолутна поддршка од страна на двете носечки партии на коалицијата и ДУИ и СДСМ, но знаете пандемијата, одржувањето на изборите го одложија и јас сум убеден, а тоа е став и на партијата која ја застапувам и на Владата чиј дел сум дека пописот ќе се одржи во април 2021 година и не очекувам апсолутно никаков проблем, туку очекувам сите граѓани да се попишат, рече Груби на прес-конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This