March 29, 2024, 11:25 am

ГРУЕВСКИ:Ветуваа отворени дебати за сè, а отидоа во Бугарија и направија таен договор во еден ден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на конвенцијата по повод 26 години од УМС се осврна и на лажните ветувања на СДСМ, тој го спомена ветувањето каде Заев кажа дека за се ќе има дебата, што не може да се каже дека е пример, ако се знае за ситуацијата со договорот со Бугарија.

-Отидоа во Бугарија, нешто договорија тајно во еден ден, и не кажуваат никому во нашата земја, а во Бугарија слават. Дај нека кажат што е договорено, па ако е за славење и ние да удриме да славиме, кажа Груевски.

Тој го спомена и патот на владината делегација во Грција, од каде сакаа да се вратат и да кажат дека поради Груевски не се решавал проблемот со името, но се вратиле попарено и обасниле дека не било тоа поради инаетот на ВМРО-ДПМНЕ

-Отидоа во Грција со план и ветување дека ќе ги шармирале и со обвинување дека заради ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не се решавал проблемот со името и ние не сме сакале земјата да ја внесеме во НАТО и ЕУ. Се вратија попарени, и ни објаснија дека не било до некаков инает на ВМРО туку Грција бара работи кои им е незгодно барем да ги соопштат на граѓаните, особено сега пред локлнитеизбори, па објавија дека името ќе го решеле догодина односно по локалните избори. По грчки кажано, ЕУ и НАТО – аврио. Нашиве ербапи, прерачунале прво да ги исполажат уште еднаш граѓаните на локалните избори за се и сешто, па потоа да ги прифатат сите услови кои ги бара Грција и Бугарија. Демек народот не разбира, сега да ги гласа, а потоа бричење и потстрижување, со име, идентитет, јазик, историја, и се останато што е во пакетот, изјави Груевски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This